Пријателството помеѓу Вики Миљковиќ и Цеца Ражнатовиќ започна преку нивните родители кои биле семејни пријатели, а естрадните ѕвезди и денес се неразделни.
Како што еднаш Ражнантовиќ изјави за медиумите, тие две почнале да се дружат уште во раното детство.
– Мајка ми е воспитувачка, исто како таткото на Виолета. Не само што сме пријатели и кумови, туку нашите родители се и семејни пријатели. Како мало девојче, кога имав пет-шест години, отидов кај Миљковиќ и останав кај нив неколку дена.
И Вики ме прифати, па на некој начин бевме цимерки. Си верувавме, си споделувавме тајни, спиевме заедно, понекогаш дури и гардеробата си ја делевме – изјави претходно фолк дивата, а пренесува „Ало“.
Цеца и Вики беа актуелни кога Цеца ја посети својата кума Вики Миљковиќ пред скоро 3 години, која има стан на Белград на вода. Цеца сними кратко видео од терасата, а глетката беше воодушевувачка.
„Кај кумата е најубаво“, напиша Цеца во таа прилика. Нешто подоцна, Ражнатовиќ сними видео како се дружи со Вики, а двете згодни девојки позираа расположени.
Она што многумина забележаа е тоа што двете познати пејачки беа без шминка, а Вики едвај ја препознаа таква.
Сепак, иако сѐ беше идеално во нивната врска, многумина мислеа дека таа се расклатила кога Вики се омажи за Драган Ташковиќ Ташке во 2006 година и по тој повод ја избра Сања Ѓорѓевиќ за кума покрај Цеца.
Сепак Цеца еднаш демантираше дека имало некаков конфликт.
Иако Сања беше кума на свадбата, но и кума на синот на Виолета, Андреј на крштевката, Цеца имаше договор со својата пријателка Вики да биде кума на крштевката на нејзиното второ дете.
– Уште порано се договорив со Вики и Таске да им го крстам второто дете – изјави тогаш пејачката која ја советуваше Виолета да има уште едно дете, што не се случи.
Пејачката Вики не присуствуваше на минатиот роденден на ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ бидејќи била на службен пат.
Како што истакнува, славеничката ја видела по прославата, но не го запознала фудбалерот, новото момче на Анастасија, Немања.
– Бев во Германија. Од минатата недела сум на релација Австралија-Италија, се видов и слушнав со Цеца и Анастасија. Не го запознав Гудељ, но се гледа дека Анастасија е среќна, можете да ја видите.
Нејзините очи светат, сите сме среќни поради тоа, а дали ми се довери не треба да кажам – изјавила Вики.
Поради стресниот начин на живот кој го води, пејачката признава дека често додава вишок килограми, но дека ќе се обиде да ја доведе линијата во ред со детоксикација.
– Најмногу се дебелеам од слатките, но тоа има врска и со стресот, живеам многу стресно и обожавам благо. „Ќе се обидам да ја средам линијата со детоксикација“, рекла Вики.
Пејачката Вики Миљковиќ признава дека драстично ослабела кога ја погодиле семејни тра гедии. Прво се упокоил нејзиниот татко, а потоа и мајка ѝ Таа тогаш имала 66 килограми, а по упокојувањето на нејзиниот татко ослабела 18.
– Стресот многу влијае на мојата тежина. Кога отиде татко ми, имав 48 килограми и тогаш бев најслаба. Тоа е најтешкиот момент во мојот живот и тогаш не размислував ниту за храна, ниту за ништо – вели Вики.
Откога Вики објави слика во бикини е главна тема во медиумите. Таа долги години може да се пофали со добриот изглед кој го негува.
Извајаното тело, кое на сцената го истакнува со мини здолништа, тесни фустани и панталони, се еден од најголемите адути на поп-уметничката, чија генетика во голема мера е одговорна за тоа.
Кога попуштија гените, попушти и изгледот на Вики Миљковиќ, но за кратко.
Сфаќајќи дека вишокот килограми ѝ се зака нува, таа се справи со нив, ја коригираше исхраната и почна да тренира, додека стилските комбинации ѝ помогнаа да ги сокрие своите слатки маани.
Денес, на прагот на шестата деценија, Вики изгледа навистина прекрасно.
Не ѝ недостига самодоверба, што покажа со објавување на фотографија на која позира во костим за капење.
Појавувањето на Вики во бикини повторно беше во фокусот на медиумите и јавноста.
Повеќето нејзини следбеници со комплимент ја наградија нејзината одлука да го покаже своето тело и многумина сметаат дека изгледа позгодна и од Цеца.