Дали Владата ќе донесе нова одлука со која ќе ги замрзне платите на фукционерите кои согласно последната одлука на Уставен суд треба да добијат покачување на платите од над 70 проценти, останува енигма.
Министерот за економија на денешната пресконференција не откри дали во Владата се размисува да се воведе дополнителна одлука со која ќе се стопира значителното згоглемување на платите на функционерите, додека граѓаните и работниците го губат животниот стандард.
Јас сум само еден член на Владата, но било која одлука да ја донесе Владата ќе ја почитувам – рече Бектеши на прашањето дали Владата ќе донесе нова одлука со која ќе ги замрзне платите на именуваните функционери, кои согласно последната одлука на Уставен суд треба да добијат покачување на платите од 78 проценти.
-Јас бев на пат заедно со премиерот во официјална посета на Србија кога беше отворената темата за зголемените плати на функционерите.
Тоа е одлука на Уставен суд, не е одлука на Владата и со неа се опфатени сите функционери, не само министрите, туку сите именувани лица во земјава.
Јас ќе поддржам секаква одлука која ќе ја донесе Владата, но морам да истакнам искрено една работа, бидејќи гледам во јавноста, излегуваат политичари кои изјавуваат дека ќе донираат дел од тие средства, сакајќи да испаднат хумани. Тој што сака да донира, не мора да го прави тоа јавно.
Вакви ситуации не треба да се користат за да се покажеме хумани или да добиваме политички поени. Затоа ќе чекам на одлуката на Владата која ќе биде колективна одлука за сите – објасни Бектеши.