Пејачката Вера Ивковиќ е позната по своите хитови кои се пеат и денес, а нејзиниот приватен живот го одбележаа бројни тешки моменти.
Вера кај публиката остана запаметена по препознатливата насмевка и силниот глас, иако животот и беше исполнет со трагедии, пишува Нова.рс
Имено, ќерката Маја се борела со неизлечива болест – лупус и рано починала, а Вера никогаш не успеала да се опорави од оваа загуба.
За ова во една прилика проговори синот на пејачката, Владимир Живковиќ.
„Таа силно се бореше со болеста на сестра ми Маја. Тоа ја чинеше здравје.
Маја рано се разболела, на 15 години, болеста била неизлечива и починала на дваесет и седум години.
Мама и тато направија се за да и помогнат. Помош бараа насекаде.
За жал, немаше начин да се спаси. Смртта на Маја ја опустоши мајката, а набрзо почина и напиот таткото“, изјави во една прилика синот на Вера, Владо.
Данило Живковиќ е внук на Вера кој тргна по нејзините стапки. Се натпреваруваше во една сезона на музичкиот натпревар „Пинкови ѕвездички“. Во едно интервју тој ги откри деталите за болеста на Вера.
„Тоа е грд период за моето семејство. Маја боледувала од лупус. Не бев толку приврзан за неа бидејќи не ја гледав често поради нејзината болест.
Повеќе бев поврзан врзував за моите баба и дедо, по кои ме крстија. Тој беше првиот што умре, а по него следеше Маја.
Нејзината смрт беше тешка за сите, но најтешко ѝ беше на баба. Поради тоа и се слошило, а по неколку години и таа починала.
Баба Вера имаше два мозочни удари, па подоцна ја сместивме во Центарот за стари лица во Рума“, изјави тој еднаш за локалните медиуми.
Четири години откако ја загуби ќерката, пејачката го загуби и сопругот. И покрај ова, Вера беше многу омилена во геронтолошкиот центар и сите велеа дека е насмеана.
Вера почина на 63-годишна возраст, и остана да важи како една од најсобрите пејачки на народна музика во Србија и во регионот, а особено остана позната по песната „Шушка се шушка“.