Naslovna Zivot Илина ја поврза Америка со Македонија, еве што е она што за...

Илина ја поврза Америка со Македонија, еве што е она што за неа таму е исто како дома

Од август минатата година, нашата позната алпинистка Илина Арсова студира и работи во Тенеси, во САД. Таа е докторант на одделот за Кинезиологија и Спортски Студии.

Исто така вели дека ја интересираат родови науки во спортот како и социо – културниот аспек на спортот. Тука некаде успева да го поврзе спортот со уметноста- а тоа се нејзините две досега најмногу изучувани области.

– Убавините на Македонија секојдневно им ги претставувам и на колегите и на студентите. Некои од нив веќе сакаат да дојдат во посета.

Повеќето од нив не беа многу запознаени со Балканот, што воопшто не ме изненади знаејќи дека нивната географија е најмногу фокусирана на САД и Канада, додека пак патувањето надвор не им е јака страна.

Имам пријатели со кои се дружам, сепак незаменливи се пријателите од дома, оние со кои си растел и пораснал, пријателите од основно, средно или факултет, од кои многумина се исто така некаде по светот.

Со нив останува виртуелната врска, а во однос на дружбите во живо, навистина ми недостасува социјалниот живот од Македонија.

Сепак морам да кажам дека некои пријателства овде нависина ми помогнаа да се прилагодам, и нивната секојдневна грижа ме прави да се чувствувам дека имам закрила и постојана поддршка.

Таква ми е на пример врската со мојата долгогодишна пријателка Нина, од Канзас Сити, која не пропушта ден а да не ме провери како сум, и како се снаоѓам.

Пресреќна бев и да запознаам уште неколку Македонки во околината, од кои едната, Александра е на истиот Универзитет во понапредна фаза од нејзините докторски студии.

Илина Арсова

Тоа навистина многу значи, ако ништо друго барем од време на време да си направиш муабет на мајчин јазик“, изјавила Илина за Женски магазин минатата година, а потоа додала:

-На мое големо изненадување еден од професорите, мојот сегашен ментор, самиот ме поттикна да аплицирам за оваа позиција. Тоа навистина ме охрабри бидејќи инаку немаше да ја поднесам апликацијата.

Иако бевме во контакт половина година пред конкурсот. Имаше само едно слободно место и мислев дека немам шанси да го добијам, па затоа и зошто да се замарам со апликацијата, која и онака е доста обемна“.

Таа исто така кажала дека има денови кога е задоволна од сè, на пример од предавањата, од часовите од интеракцијата со студентите од нејзиниот личен перформанс, од тренингот што следел потоа.

Потоа, од храната што ја конзумирала тој ден и т.н. Но, неретко има и денови кога Илина смета дека се од погоре наведеното можело да биде и подобро.

– Моите блиски мислам дека можеби и го очекуваа ова бидејќи докторските студии подолго време ми беа во план, но никако да стигнат до приоритетната позиција која секогаш беше резервирана за планински експедиции.

Тие самите понекогаш ќе ме потпрашаа, до каде е мојата идеја за докторски, и самите паметат дека последно бев во преговори со Универзитетот во Тарагона некаде во 2017 година.

Тогаш повторно други работи добија приоритет, па некако таа идеја привремено избледе“, изјавила Илина Арсова во ова интервју.

Илина објавила едно свое стори на Инста, каде што се гледа дека на местото каде што живее, како да дошло лето. Таа е облечена во шорц и маица на ова видео и е многу насмена и расположена.

На видео сториот што го објавила таа на кратко раскажува што ѝ се допаѓа врзано за животот во Америка и вели: „ Тоа што ми се свиѓа овде, исти цвеќенца има како дома“.