Една од нашите најпопуларни пејачки и во Македонија и во дијаспората е секако Сузана Гавазова. Таа на вистински начин знае да донесе македонска народна песна со нејзината интерпретација, но и да испее авторска песна.
Непосредна, спонтана и со харизма која публиката ја сака. Во текот на пандемијата, Гавазова покажа дека има свој начин како да си направи забава и да ги наполни батериите со она кое и го сака душата.
Сузана Гавазова е мајка на две ќерки, Емили и Селена.
Таа е вљубена во Јасмин Курузовиќ кој е по потекло од Босна, и поради Сузе дојде во Македонија од Шведска.
Јасмин и јас сме доказ дека кога љубовта е во прашање нема граници. Заедно сме седум години премногу ни е убаво заедно не ни забележавме кога поминаа, изјави своевремено Гавазова.
– Сузана секогаш стоеше на ставот дека каменот си тежи на своето место, затоа и веста дека ќе се врати во Македонија не не изненади многу.
Таа имаше ветувачка кариера кога замина во Шведска, освои многу награди на наши фестивали, работеше професионално. Сега ќе продолжи таму каде што застана – изјави за Фокус нејзиниот соработник, продуцентот Ване Петкоски.
-Јас намерно се вратив од Шведска во Македонија, за и другите да земат пример од мене затоа што навистина Македонија е многу убаво место за живеење.
Имаме убава клима, земјата е плодна и раѓа многу производи, така да не знам. Ако има Господ, еден ден ќе се вратат сите-вели познатата пејачка, во интервју за ИН ТВ.
Јасмин неодамна сподели слика како Сузе го бакнува, а сликана е во теретана. Всушност тоа е спомен од 2016 година, но парот и денес е исто така вљубен како и тогаш.
Малку тренинг, малку бакнежи, пишува до сликата на Јасмин и Сузе. Но, во една своја објава, тој ги покажува двете ќерки кои се убави на мајка им, Емили и Селена.
Гавазова не престанува да изненадува со својот изглед. Поубава и поубава од ден за ден, а нејзината топ форма е нешто што многу жени го посакуваат.
Во тесен фустан, сукња често знае да стави слика и да покаже како се дотерала пред настапите.
Таа настапува турбо и успешно ги балансира обврските како мајка, сопруга и успешна пејачка кај нас ама и во дикасјората. Кога Сузе ќе запее, се грми и ечи, велат оние што ја слушале.
А и нејзиниот сопруг Јасмин често зане да отисе на нејзините настапи и да ја нарече својата сакана- кралица, а според она што и двајцата го шеруваат на мрежите, тој ја третира како кралица.
Како што е познато, згодната Сузе е сега со сопругот Јасмин во Австралија, каде што е на турнеја и со мерак пее за нашинците таму.
Но, она што го окупира времето на Сузе освен пеењето е вежбањето во теретана, а со една слика на стори покажа дека и кога не е дома, таа е дисциплинирана што се однесува до вежбањето.
А она што исто така го исполнува времето на нашата позната пејачка е одењетона плажа, а Суезе се покажа во едно интересно светло, со видео како во бикини танцува на плажа, и уште повеќе истакнуваво колку добра форма е.