Цветанка Ласкова, и сега, по речиси години професионална кариера како естраден уметник, бизнисменка и сега активно вклучена во политиката не ги менува работните навики, стилот на облекување, фризурата и пријателите.
Дури над дваесет години е верна на истиот парфем „опиум“ на Ив Сен-Лоран. Вели, тајната на нејзиниот дамски изглед се должи на менталната хигиена, а не како резултат на козметички ритуали“, објави во една прилика Женски магазин.
-Во секојдневието сум опкружена со луѓе кои ме сакаат и кои јас ги сакам. Тоа се искрени и долгогодишни пријателства засновани на доверба. Тука сме едни за други и во добро и лошо.
Тука се моите Тања, Жане, Калиопи, Елена, Весна… Морам да спомнам дека ги негувам и долгогодишните пријателства со личности кои се со илјадници километри далеку, но кога ќе се сретнеме како вчера да сме биле заедно.
Држави се растурија, но тие пријателства останаа. Многу ги сакам и радосна сум кога ќе ги видам моите Ханка, Соња, Јаца, Мерима, Исмета…“, изјавила Ласкова.
Нејзиниот сопруг Миша Кан почина по долга борба со ракот пред повеќе години.
– Личната одговорност кон работата е карактеристика на секоја индивидуа. Јас за себе можам да кажам дека од секогаш сум била креативна и исполнителна.
Впрочем тоа го покажуваат и резултатите од долгогодишната работа на естрадно поле, потоа во бизнисот и сега во политиката. Никогаш не мирувам и спремна сум за нови потфати. Снагата на креативниот дух ме оддржува“, изјавила Ласкова.
Семејството за мене е најважната клетка во животот. Добрите односи во него се клучот за градење на една личност.
Така сме воспитувани јас и моите сестри од нашите родители, тоа го пренесувам на мојот син, а еве сега и на моето внуче. Не постои поголема радост од здраво и среќно семејство“, изјавила Ласкова.
– Благодарение на новите технологии сѐ е достапно. Музиката го разубавува секојдневието. За разлика од порано, кога бев директен учесник во музичките и театарските збиднувања…
Кога публиката доаѓаше мене да ме чуе и види, сега јас одам на добро осмислени концерти, претстави… Ми пречи што секогаш не можам да се опуштам, бидејќи изведбите ги гледам со професионално критички очи.
Музиката била и е мојот живот. А, мојот покоен сопруг ќе речеше: „Колку е тажно кога не ќе можеш да слушаш музика. Таа ја дава смислата на животот.“, додала таа.
Во февруари, Министерството за култура додели 300.000 денари за концерт, информација која крена бура реакции во јавноста
Таа на Фејсбук побара организаторот на концертот да ги врати парите во Министерството.
– Чувствувам обврска кон јавноста да објаснам дека јас, Цветанка Ласкова, не конкурирав за одбележување на 50 години од мојата музичка кариера .
Тоа беше идеја на продукциското студио ,,City Sound” DOOEL- Skopje, кое ми се обрати со предлог за концерт, преку моето творештво како интерпретатор, да се опфати 5 деценискиот развој на македонската фолк и поп музика.
Овој проект го прифатив со чест и задоволство, но и покрај одличната идеја, заради својот мир, инсистирам организаторот на проектот, да ги врати одобрените средства во Министерството за култура“, напиша таа.
Ласкова сега објави нов пост на Фејсбук, и до него има напишано: го славиме животот, како и секогаш. Таа е во друштво на Калиопи, нашата музичка ѕвезда.
А и Калиопи има шернато стори од нивната дружба, и се гледа дека двете уживале во познат скопски хотел, со панорамски поглед на градот.