Александра Пријовиќ, денес е среќно мажена за Филип Живојиновиќ, синот на Боба и Брена, со кој го има синот Александар.
По породувањето, таа брзо се врати на својата женствена линија, додека нејзиното лице изгледа многу младешко и блескаво.
Една од најпопуларните млади српски пејачки, остана запаметена по тоа што запеа на една приватна забава, на која беше присутен и нејзиниот сопруг, Филип Живојиновиќ.
Пејачката во еден момент седна во неговиот скут и му пееше на увце, додека тој уживаше во изведбата на својата сакана.
Со затворени очи Филип ги потпевнуваше стиховите, а изгледаше како присутните да му беа сосема неважни во тој момент.
На крајот од песната „И сад ме по тебе познају“, пејачката пред сите го бакна во уста.
–Пред седум години ѝ испратив порака на една девојка. И оттогаш секој ден сме заедно. Среќна годишнина мама, Александра! Те сакам – ѝ напиша Живојиновиќ на својата сакана кога славеа годишнина.
Александра Пријовиќ неодамна во едно интервју истакнала дека иако во овој период сопругот Филип Живојиновиќ донесува финасии, таа не планира да ја намали цената на настапите.
„Јас во ова ситуација најмногу размислувам за здравјето на моето семејство и пријателите. Не можам да кажам дека ми е убаво што немам настапи, но ќе се среди сѐ и ќе биде како порано. Едвај чекам да почнам да работам, за себе, за публиката, не сѐ во прашање финасии“ вели пејачката.
Иако важи за една од најубавите и најзгодните пејачки на српската естрада, Александра Пријовиќ не е баш најзадоволна од својот изглед.
Како што вели, има една работа на телото што навистина ѝ пречи, а истото го забележува и нејзиниот сопруг, Филип.
-И јас имам целулит, дури и Филип ме предупредува дека имам малку. Се обидувам да го решам и тој проблем“, изјавила Пријовиќ, а пренесе Србија данас.
Во една прилика, свекрвата Брена за својата Александра рекла:
– Александра моментално го има најдобриот албум на нашиот пазар. Таа навистина се трудеше, даде сѐ од себе. Луѓето едноставно не можат да сфатат колку е вредна и посветена на кариерата.
Алфа и Омега, човекот кој е креатор на целата нејзина приказна е нејзиниот сопруг Филип, кој навистина е многу сериозен продуцент и се грижи за неа.
Таа е во вистински раце. Двајцата се фантастичен тандем, се надополнуваат еден со друг.
Ние две најчесто разговараме на телефон, каде е, какви проблеми има. Едвај чекаме да се вратиме дома, многу ми недостига, а таа да биде со семејството, малиот Александар, а јас да се одморам и да си играме со него, изјавила Брена додека била на настап во Будва и додала:
Тој е нашата нова радост во животот. И од овие млади луѓе од Живојиновиќ очекуваме да има принови – изјавила Брена за Телеграф.
Александра денес важи за една од најубавите пејачки, а малкумина знаат како изгледала на почетокот на кариерата.
Пријовиќ со годините го менуваше изгледот, иако претходно беше убава, а самата не крие дека коригирала сѐ што некогаш посакувала, а тоа се носот, устата, градите и забите.
„Веќе ништо нема да поправам, сѐ што сакав исправив“, рекла во една прилика Александра, а потоа додала:
„Јас сум поборник за естетски зафати затоа што жената треба да си удоволува и да го менува она од што не е задоволна, но треба да ја знае мерката.
Не треба да се претерува, за да не личиш на себе“, признала тогаш Александра, а многумина би се согласиле со оваа нејзина изјава.
Еве како изгледала Александра пред естетските зафати: