Статус на Тито Беличанец: Во македонскиот јазик и Устав терминот НАРОД се користи во етнички контекст, за означување на македонскиот народ како етнос: етнички народ, како и за деловите од другите народи наведени во преамбулата на уставот. Во текстуалниот дел на Уставот се корист поимот ГРАЃАНИН.
Со употребата на Македонски народ етничките Македонци се дефинираат како заедница составена од сите луѓе кои имаат заеднички македонски етнички идентитет, без оглед на просторни, временски или какви било други критериуми.
Значи ги опфаќа и етничките Македонци надвор од границите на македонската држава. Во таа (етничка) смисла македонскиот народ се Македонци, без оглед каде живеат и без оглед на тоа кога живееле, што во рамките на македонската национална заедница создава трајна врска помеѓу нив.
Таквото (етничко) разбирање за народот се заснова на заедничко историско и културно наследство и затоа не е предмет на поранешна или сегашна територијално-политичка поделба.
Во таа смисла, местото на живеење или државјанство е ирелевантно за лична припадност на македонскиот етнички народ, бидејќи секој припадник на поседува свој личен македонски етнички идентитет и го чува целосно независно од другите карактеристики и категории, како што е на пример поседувањето државјанство на матичната македонсја држава или некоја странската земја.
Нацијата е феномен кој може да биде дефиниран на различни начини. Една од можните дефиниции е луѓе со заедничко минато, култура, јазик, заедничка економија, единствена оделна територија и единствена самосвест. Зошто Македонскиот устав го напушти поимот нација?
На прво место, терминот “нација” (nation) не значи “народ” (people) и во таа смисла нациите не се само збир на луѓе со исто потекло. Нацијата, во потесна смисла на зборот, се комбинација на сите граѓани на една држава.
Овие граѓани може да се од различни етноси и да исповедаат различни религии. Нациите се производ на државите, како политичко-територијални заедници кои влијаат на сите свои граѓани преку своето законодавство и државна политика.
Да повторам поимот македонски народ не ги опфаќа само етничките Македонци во земјата туку и етничките Македонци надвор од границите на македонската држава.
Во таа (етничка) смисла македонскиот народ се Македонци, без оглед каде живеат и без оглед на тоа кога живееле, што во рамките на македонската национална заедница создава трајна врска помеѓу нив.“