Статус на Никола Груевски: „Често знаев да кажам дека Министерството за култура е македонското министерство за одбрана.
Затоа што Македонија не беше нападната воено, ниту се очекуваше да биде нападната воено од друга држава, туку однадвор беа силно нападнати нашиот идентитет, име на државата и јазикот, како и нашата историја.
Бев разбрал дека на опозицијата предводена од СДСМ културата не и е приоритет, ниту некогаш и била, но кога пред изборите ја слушнав изјавата на Заев во која кажа (парафразирам): “ние нема да градиме музеи, театри, споменици и слични глупости” сватив дека проблемот е уште поголем од тоа што мислев.
Тогаш доби потврда мојот став и објаснување кога ќе ме прашуваа зошто толку се брза со некои објекти во културата, музеи, театри, споменици и слично.
Добронамерните пријатели ми укажуваа дека пребрзото поставување споменици креира проблем и ме прашуваа зошто мора толку брзо, да се постават толку многу, за кои владата обезбедуваше и трансферираше финасирање до општините.
Одговорот беше едноставен, затоа што верував дека постои голема веројатност дека децении после таа влада нема да има друга влада која ќе го продолжи истото и затоа што треба да се оддолжиме на некои личности од нашата историја кои биле херои и се жртвувале за слободата на сите и за слободна држава Македонија, или личности по кои заради едно или друго нешто светот ги идентификува со Македонија.
Со тоа паралелно ќе се разбива и секторот туризам, во кој се креира поголема понуда за туристите, како што и се случи следејќи ги бројките на туристи пред и потоа.
Паралелно изградбата на објектите беше кислород за преживување на градежајата индустрија во Македонија во време на две кризи, едната светстска финансиска и втората европска должничка криза.
Овие проекти меѓу другото го создадоа или зајакнаа чувството на припадност и на државотворност на македонските граѓани кое веќе шест години се топи. Како и да е државата и граѓаните сега имаат можност да одадат почит на значајни историски личности и историски настани.
Во тој дух беше и поставувањето на високи јарболи со државнито знаме низ целата држава а целиот тој дух можеше особено да се почуствува на настанот со кој одбележавме 20 години независност, настан кој оваа власт ниту се обиде да го повтори во еден таков обем, ниту пак имаше атмосфера за тоа.
Хероите треба да се слават, меѓудругото и затоа што тоа создава нови херои. Ако не ги славиме хероите и нивната жртва и подвизи, нема да има нови херои. А кога се најтешки времиња, тогаш хероите се најпотребни.
Конечно културата на славење на хероите не мора да се ограничува само на воено-политички, револуционерни или герилски движења или војсководци.
Херој на една нација од која се инспирираат генерациите кои доаѓаат и најнапредните се трудат да ги достигнат или надминат тие височини може да е некој светски познат хуманист како Мајка Тереза на пример,
чија спомен куќа се изгради на улицата Македонија во Скопје, а новата власт ја запре доградбата на споменичната композиција со фонтана на плоштадот Макеоднија во Скопје.
Национални херои во своите области може да се и познати и пошироко признати уметници, како триесетина врвни поети, актери, музичари, композитори, писатели, сликарски уметници итн, чии статуи се поставија на мостот на уметноста…“
Целиот статус на Никола Груевски, прочитајте го ТУКА