Пејачот Маријан Коцев, на Фејсбук, знае да ги споделува убавите моменти со семејството, но знае да се пофали и со некоја слика од сала за вежбање и да порача: Вложувајте во себе.
Коцев е еден од најпознатите наши фолк-пејачи, кој беше и остана еден од најбараните за настапи и кај нас и во дијаспората.
Пејачот не крие дека боле-дува од дијабетес. Тој во интервју за Панацеа.мк откри дека со овој проблем, тој и неговото семејство се соочиле кога имал само 7.5 години.
Беше голем шок, пред се за моите родители. Јас многу зрело го прифатив тоа. Едноставно ми беше кажано: Не смееш да јадеш благо.
И да бидам искрен, откако ми кажаа дека не смеам да јадам, а јас сум патријахално воспитан, бев мирно и умно дете, ниту барав, ниту сакав, ниту плачев“.
Коцев раскажа дека бил многу дисциплиниран цело време, и по три години, на многу рана возраст поради неговата правилна исхрана, лекарите решиле дека е време да престане да прима инсу-лин.
Тој отворено се нуди да разговара за оваа негова болест со сите кои имаат потреба, а особено на родителите чии деца имаат ист проблем како неговиот.
Коцев вели дека со нив би разговарал како со својата ќерка Дуња. Синот Данило, се роди во 2018 година и оттогаш радоста на пејачот и на неговата сопруга е уште поголема.
Инаку, сопругата на фолк пејачот Марјан Коцев, Билјана, учествуваше во квиз –шоуто „Се или нешто“, а тогаш беше во блажена состојба и во тоа време медиумите досат пишуваа за оваа убавица која храбро се справи со банкарот на Лила.
Коцев е и весел човек и романтичар па така својата Билјана за нејзиниот 40-ти роденден ја однел на патување во Германија.
Според сликите што ги објави на Фејсбук, тоа била журка за паметење, а за микрофотн не се фатил само Марјан за да и запее на својата сакана за роденден, туку и самата славеничка.
Со овие зборови Коцев ја опишал среќата која ја почувствувал додека неговата Билјана се фатила за микрофорнот: Невестата ми пее за нејзиниот 40-ти роденден. Среќен роденден женче!“, напишал Коцев.
Марјан Коцев не пропушта да покаже колку ја сака својата сопруга Билјана, а и таа него, па на Фејсбук од време на време знаат да изнедат со по некоја љубовна објава.
Онаа која е најтазе од е од Белград, а Марјан си ја однел својата сакана на познатата боемска улица Скадарлија во Белград, а ова место важи за едно од најромантичните во главниот град на Србија.
Коцев во 2020 година проослави јубилеј, десет години брак со својата Билјана, со која има ќерка и син.
А, Трајче Толевски водителот на „Мерак меана“, објавил слика од Маријан Коцев, а на неа е со пејачот Јоце Панов. Јоце настапива во неговиот ресторан, а до него седи Коцев.
Она што може да се забележи на оваа објава е дека додека Јоце Панов пее, Маријан Коцев му де придружува, но она што го пие не е алкохол, туку чај.