Naslovna Zivot Голема промена кај Живкица Каленикова, близок човек ја покажа во поинакво светло...

Голема промена кај Живкица Каленикова, близок човек ја покажа во поинакво светло (ФОТО)

Живкица Каленикова повеќе од 25 години е на TВ-екраните. Епитетот брзозборка го носи до денес. Генерациите ја паметат уште од времето на Зимската рекреативна програма на МРТВ во 90-те кога првпат се појави пред камерите.

Потоа следеше тинејџерската емисија на Третиот канал, а до денес зад неа се куп емисии, квизови, музички манифестации“, објави во една прилика „Репортер“.

„Јас немав никој во семејството кој има врска со телевизија или медиуми. Сè почна со Зимската рекреативна програма кога бев седмо одделение.

Еден ден дојдов на врата и им реков: ‘Здраво, јас сакам да работам тука’. Во тоа време не ти требаа врски за да бидеш некаде. Подоцна се отвори шансата и со Третиот канал.

Тоа беа убави времиња. Памтам, добивавме писма од секаде, од обожаватели, ги отворавме во редакција, тоа многу ме правеше среќна“, раскажува Живкица за „Репортер“.

Денес го води „Жилет шоу“, како продолжение на „Тунел“. Со своите гости, луѓе од ранливи категории, успеа да ги наметне темите за кои ретко се зборува на глас.

Вели, луѓето имаа потреба да го кажат она што ги мачи, оти животот не е само среќа и патување.

И нејзината лична приказна како да се вклопи во некои од оние за кои зборуваше во „Тунел“. Во неполна година ги загуби двајцата родители.

Пред неполни две нејзината мајка, а потоа почина и татко ѝ. Не успеа да ги задржи солзите, а интервјуто во Репорет го правеле на роденденот на нејзината мајка.

– Кога замина мајка ми, ненадејно како да го изгубив тлото под нозете, особено што бевме многу биски. Грижатаиљубовта за мене и мојата сестра потоа,и нашите деца беше нешто на што сум горда, а што имавме мајка и баба како неа.

Нашата Нанче беше посебна. И татко ми се предаде некако,и не можеше да ја најде смислата на животот без неа. Можеби нивната голема љубов и поврзаност го направи своето.

И како велат, во животот ќе добиете тежина итовар онолку колку што некој од горе смета дека можете да издржите.

Многу е тешко, но веројатно тоа што вистина сум многу позитивен човек ми помага, а најмногу ме мотивираат моите деца, сопругот, семејството да продолжам понатаму, бидејќи тоа е кругот на животот.

Јас сум среќна што сум плод на една голема љубов и имам премногу љубов да дадам на моите најблиски.

Децата како и сите деца се динамични, весели, многу искрени души кои како растат так стануваат – вистински другар и друштво, мотивација за живот.

Денот е динамичен, училиште тренинзи, но и време за нас. Тројцата се различни карактери но сакаат да спортуваат.

Среќна сум затоа што тоа ги учи на одговорност, дисциплина, работа, фокус, работи кои ќе им значат во животот“, изјави во Женски магазин Живкица.

-За некои работи, некогаш не добиваме одговор.Годините иживотното искуство не’ менуваат сите како како личности, па така веројатнои мене.

Стануваме помудри и позрели , но мислам дека си го задржав детето во себе, желбата постојано да истражувам, учам, и на крајот да му се радувам на живототи покрај тоа што не знаеме што ни носи следниот ден.

Е, токму тоа животно искуство направи да созреам преку ноќ, да научам за минливоста на животот. И важноста колку треба да бидеме свесни дека секои нов ден ни е добредојден.

И треба со позитива и со убави луѓе да си го минеме. Кога се тука вашите родители, без оглед колку години да имате и дали и самите сте родител имате едно чувство на припадност, чувство дека секогаш е тука некој е за вас , безрезервно,и ве сака најмногу на светот“, додаде таа.

А стилистот Дадар, тоест „Мое студио Дадар“ објави слики од Живкица на кои се гледа колку топ изгледа, а ова е всушност подготовка за снимање на емисијата „Жилет шоу“.

Живкица изгледа многу добро на овие слики, а стилистот, тоест студиото посведочи за оваа нејзина голема промена и ја прикажа во поинакво светло.