Naslovna Vesti Жанета Трајковска: Оваа држава како да е скроена за да им одговара...

Жанета Трајковска: Оваа држава како да е скроена за да им одговара на газдите на кафаните, kоцkаpницитe…

Статус на Жанета Трајковска:

Оваа држава е направена и скроена за да им одговара на газдите на кафаните, kоцkаpницитe, такозвани градежни инвеститори, новокомпонованите претприемачи на насади со марихуана (за лекување де), политичарите и нивните семејства што жени, што мажи и нивните дребни дечиња, за лидерите на партии, квазинародните парламентарни избраници и нивните тетки и чичковци, и секако, за криминалците, мафијашите и ситните измамници.

Почесно место на долниот дел од оваа скала им припаѓа на подлизурковците и извршителите.

Оваа земја не е ниту еден сантиметар искроена за граѓаните и никако не им служи нив. Граѓаните се жртви на својот глас на избори и на стресот што го “уживаат” секој ден оти угоре е високо, а удолу е длабоко.

За маф ијашите и кафанџиите не може да се даде пријавата за казна, оти се недостапни. Пајаците не ги гледаат големите коли паркирани на сред улица, инспекциите не слушаат, не гледаат, не реагираат на ништо.

Никој за ништо не е надлежен, а најмалце државата е надлежна за државните работи. Најлесно е да се прогласиш за ненадлежен, освен кога се работи за платата на политичарите – е тогаш е надлежна и може 78 % покачување на плата, ама за медицинските сестри не баш до толку, за култура никако, за образование и полиција само во трагови, да не им се слоши од многу пари.

И додека тонеме во катарза на хаос и бес, секој ден имаме по уште едно убиство, исчезнување, тепачка, прегазени луѓе на пешачки, пукање, нерешени мистерии и застарени судски случаи.

И шо рековте ЕУ, тра лала, реформи тралала, ние сме лидери во регионот бла ла ла. Не ве слушам од драњето од кафани и од клубовите.

Таму, во зачадените одаи што смрдат на цигари, евтина храна и алкохол, но најмногу на сиромаштија и очај, таму сте најглавни, тоа навистина ви верувам. Туку си мислам, можеме ние и подолу.