Naslovna Zivot Првите семејни фотографии на Антониа и Роберт во првоаприлско издание, со интересна...

Првите семејни фотографии на Антониа и Роберт во првоаприлско издание, со интересна приказна : Позаљубени не биле никогаш (ФОТО)

Антониа Гиговска во јанаури со своите фанови сподели две радосни вести во исто време.

Имено таа и нејзиниот избраник ќе станат родители, а токму на нејзиниот роденден тој ја побарал и нејзината рака на романтично патување на Копаоник – Србија.

Пејачката на својот Инстаграм профил сподели повеќе фотографии на кој е насмеана а во рацете држи слики од ултразвук на бебето.

Исто така сподели и фотографија од прстенот со кој избраникот ја побарал, како и фотографија од него иако не го означила на фотографијата.

Антониа со новите слики на Инста покажа како изгледа сега, и што добила од саканиот Роберт за Осми март. Таа позираше во својот автомобил, го покажа трудничкото стомаче и напиша:

– Среќен 8-ми Март на сите девојки и жени. Бидете здрави, живи и секогаш насмеани. Посебни сте во секоја смисла на зборот“, стои во описот на овие слики.

А Антониа изгледа супер во бременоста, а покажа и што добила од Роберт, а тоа е цвеќе- ружа, со која позираше на оваа објава.

Спасенцовски во една прилика за Женски Магазин рече дека бил многу изненаден кога неговиот син Роберт кој е исто така музичар и Антониа му ја соопштиле убавата вест.

Антониа стана снаа во семејството на пејачи, како што е и самата таа, а свекорот Боби за убавите вести изјавил:

-Многу е подобро кога младите се решаваат да станат родители на помлади години. Јас ќе бидам млад дедо, и како помлад ќе можам повеќе да го чувам внучето, изјавил Спасенцовски кој има 47 години.

Тој на социјалните мрежи напиша дека си добил ќерка, а така ја ословил и Антониа кога слушнал за убавите вести.

– Имам два сина, но денес добив и ќерка. Антониа е прекрасна девојка, често доаѓа кај нас дома, играме карти, јас ја победувам, таа се лути. Се шегувам, додаде Боби.

Антониа пред некое време објави како испеа една народна песна, но овој пат стара- македонска.

Ја испеа „Дали чекаш стара мајчице“ и се гледа со колку многу емоции ја пее, а нејзиниот свекор Боби, ја обожава својата снаа и ја споделил оваа снимка на својот Фејсбук профил.

Антониа, како и повеќето жени во бременоста, на својот Инста профил напиша дека има променливо расположение. „Мењам mood на пет минути“, напиша пејачкта.

Потоа, се пожали дека не може да спие и напиша: Не е време за спиење“, напиша Гиговсска на Инста и објави своја слика на која се гледа таа таа воопшто не добила во килограми.

Да потсетиме, талентираната Антониа која сега паузира од настапи, во едно интервју за ИН ТВ за гледачите откри дека шминкањето е нејзиното омилено хоби.

-Тоа е моето хоби, сакам и да шминкам, но и да правам фризури. Секогаш кога одам кај Даниел, прво 15-20 мин додека тој шминка други девојки, јас го гледам и си ги шминкам сите.

Мајка ми, баба ми, братучетка ми и сите другарки ги шминкам. Тоа е моето хоби, дефинитивно, покрај музиката, рекла Гиговска. Антониа изгледа одлично откако со здрав начин на исхрана и со вежбање дојде до идеалната фигура.

Антониа Гиговска гостуваше во Подкастот „Тоа е тоа“ кој се емитува на Јутјуб и водителот, кој е инаку актер, Жарко Спасовски меѓудругото ја прашуваше за Евровизијата со Тамара, за Пинк ѕвездички, а ја праша и дали ги чита лошите коментари за неа на социјалните мрежи, а таа одговори:

-Уф, па кој не ги чита… Читам сѐ, само што не обраќам многу внимание на тоа што мислам дека не треба да обратам внимание. Допира, како да не. Има и некои коментари коишто се баш грозни, одвратни.

И јас го имам кажано тоа во едно интервју, сѐ додека не ми ја вреѓаат фамилијата е супер. Кога ќе почне некој да ми вреѓа фамилија тоа многу ме боли, и не сакам да е тоа така, затоа што јас сум Антониа а они се моја поддршка, мајката и таткото на Антониа и братот на Антониа.

Они се тука да ме поддржуваат и така ќе остане и во добро и лошо. Не сакам никој да збори и да пишува лоши коментари за нив. Имало такви моменти, и тоа баш ме повредило. Имало моменти каде што имав 33 кила плус отколку што имам сега..

Имало моменти каде што сум читала коментари, еве ја оваа де бела, гна сна, св иња… Јас во тој момент сум се сакала таква, сум се прифатила таква, но не значи дека тоа ќе остане така.

Ако јас мислам дека треба да го сменам тоа, односно да имам 33 кила помалце, јас ќе го направам тоа.

Антониа пред неколку дена најави дека следуваат многу јаки фотографии со трудничкото стомаче, а денес на 1 Април, таа објави како се маскирала и позирала со својот сакан.

Ова се првите семејни фотографии на Антониа и Роберт и се гледа дека се многу вљубени и среќни. Интересно е што Роберт е исто така пејач и е познат како „Џокер“, па токму на овој ден, тој и Антониа се маскирале во Џокер и девојката на Џокер, Харли Квин.

Антониа особено изгледа многу јако на фотографиите, а иако е во средина на бременоста, таа изгледа како да нема труднички стомак.