За нашата позната водителка Снеже Велков, поради литературниот јазик на кој зборува ретко кој знае дека е од Македонска Каменица.
Во Скопје дошла кога се запишала во средно Медицинско оти нејзините сакале да биде докторка. „Јас пак уште од Каменица знаев дека сакам да бидам на телевизија”, раскажа таа во една прилика за Репортер.
Кога од родниот град дошла во Скопје не било лесно на новиот начин на живот.
„Во Каменица нема ни семафори, ниту натпревар за облекување. Дење ги броев станици каде да се симнам од автобус, а ноќе ми беше страв дека ќе ме нападне некој”, раскажува таа и додава:
-Јас решив да ги прифатам правилата на големиот град и прво решив да зборувам не скопски туку литературно, оти во тоа време секое зборување на дијалект беше ‘ти си од провинција’”, низ насмевка раскажува Велков за „Репортер”.
Мајка на две деца, вели дека е строга. Со сопругот Дарко 16 години е во брак.
„Ме видел на телевизија, па рекол дека ќе му бидам жена. Најде начин како да дојде во емисијата како мој гостин. Снимавме интервју. Ми донесе чоколадо, се вљубивме”, раскажува Велков.
За веганскиот начин на живот вели дека е исклучиво од здравствени причини, оти има алергија на протеинот. „Инаку, како ми се јаде и бурек со сирење и месо и кашкавал и пица”, раскажува Снеже.
-Би рекла вака, дваесеттите си постојат за да бидат токму тоа дваесетти, тогаш можеш да лудуваш, да правиш грешки, да експериментираш, да носиш одлуки за кои и да сносиш последици нешто многу не си засегнат.
Слободен си да си тераш по свое а и да згрешиш имаш доволно време да ги поправиш нештата.
Во четириесетите пак си имаш одговорности, возраст кога не бива да се однесуваш детски, имаш знаење кое те ограничува да правиш глупости и доволно искуство да не мора да експериментираш.
Од друга страна веќе си изградил некоја слика за себе во околината и добро би било да се држиш до неа или да ја надоградуваш, не бива да се руши.
А ако зборуваме за енергијата ја имам за тоа што мене ми одговара, не си ја расфрлам на неважни работи како порано. Чувам и живци и енергија само за работи кои навистина вредат.
Можеби сè уште се двоумам во тоа што точно сакам ама знам точно што не сакам!“, изјавила Снеже за Женски магазин кога наполнијна 40 години.
Снеже на својот Инстаграм профил често пишува инспиративни приказни, а таква напиша и сега, сосема искрена и од срце која гласи:
– Се имавме. Јас тебе, ти мене. Се имавме. Jас твојот поглед, ти мојата насмевка. Се имавме. Јас твоите досетки, ти моето смеење.
Се имавме. Jас твојата бушава косичка, ти моите прсти. Се имавме. Ти моите ладни рачиња, јас твоите топли џебови. Се имавме.
Јас твојата прегратка ти моето треперење. Се имавме. Јас моето “Kај си?” ти твоето “Kај тебе во срцето”. Се имавме. јас моето “До кога?”,Ти твоето “Засекогаш”.
Се имавме. Јас моето “Гладен си ?ти твоето “Да,за тебе”. Се имавме. Јас тебе во мислите, ти мене во душата.. Се имавме ама се снемавме…
Единствено по некогаш случајно ќе го уловам твојот поглед а ти покорно ќе свртиш глава,зошто знаеш мојата насмевка е истата како кога беше твоја…
Се снемавме. Јас тебе, ти мене“, напишала Снеже на Инстаграм, а оваа приказна ја нарекла љубовни шепотења.