Naslovna Zivot Се породи убавата водителка Марија во Словенија, а еве што рече за...

Се породи убавата водителка Марија во Словенија, а еве што рече за нејзиниот партнер

Марија Петровска, која беше заштитен знак на ТВ естрадниот магазин „Бекстејџ“ од 2015 година живе во Словенија.

Љубовта која функциононираше на далечина ја однесе во Словенија, а предц извесно време таа ги израдува своите блиски со веста дека ќе стане мајка.

На крајот на минатата година, убавата Марија рекла води прилично активен живот и никако не се откажува од високите потпетици.

Од Цеље, каде што работеше и живееше изминативе години, таа и Михаел кој е стоматолог се преселија во Марибор. Во своето родно Тетово, каде што ѝ е срцето, редовно доаѓа, како и во Скопје, кај своите пријатели.

-Веќе неколку месеци година живееме во Марибор. За преселбата во „престолнината на Штајерска” се одлучивме затоа што е поголем град и има повеќе луѓе и случувања, но првенствено затоа што Михаел е од Марибор и повеќето пријатели и негови роднини ни се тука.

Сепак повеќето денови сè уште ги поминуваме во Цеље, затоа што и двајцата таму работиме. Михаел веќе 16 години е раководител на едукативниот центар во „Интердент“.

Jас од август во 2021 година работам во „Кинезика“ – фирма која се занимава со развој, производство и продажба на козметика и додатоци во исхраната.

Поточно сум раководител на одделението за маркетинг и односи со јавност на нивниот бренд „Butters““, изјавила Марија за Женски магазин минатата година.

Јас не забележувам некои драстични промени (освен очигледните физички). Се чувствувам одлично, немав и сè уште немам никакви мачнини ниту драстични промени во расположението…

Немам посебни желби, кога е исхраната во прашање. Останувам активна и сèуште поминувам по мининум 10 часа дневно во високи потпетици.Можеби малку почесто плачам на филмови, ама тоа е нормално, нели?“, рекла тогаш Марија.

Инаку, таа и нејзиниот партнер не се уште венчани и не планираат венчавка, а Марија објасни и зошто е тоа така.

– Во моментов не планираме венчавка. Знаеме дека и двајцата евентуално сакаме да се венчаме и да го направиме и тој чекор, ама не сметам дека заради тоа нашата врска би била посериозна или поцврста.

За жал живееме во време кога многу млади стапуваат во брак пребрзо или поради погрешни причини и тоа често резултира со разделба.

Ние сме заедно веќе 13 години, од кои 6 години одржувавме врска на далечина, а 7 години живееме задно и сметам дека нашата врска преживеала многу и многупати досега во пракса ја докажала својата цврстина.

Ако не постои љубов, компромис и меѓусебно разбирање, ниту еден потпис не е доволен за да се одржи една врска„, изјавила Марија.

Ѕидот на Фејсбук на убавата водителка е преполн со четитки, затоа што таа и нејзиниот партнер Михаил станаа родители.

Убавата тетовчанка за првпат стана мајка, а нејзиниот Михаел татко. Нека им е со среќа!