Naslovna Zivot Панчо ДНК пред малку се cликаше со Никола и објави податоци за...

Панчо ДНК пред малку се cликаше со Никола и објави податоци за секој што сака, да може да му помогне

Статус на Панчо ДНК:

„Верувам дека веќе го препознавате, бидејќи неговата фотографија со апел за помош кружи од пред неколку денови по сите социјалните медиуми. Ова до мене е Nikola Gorgiew, 19 годишно момче полно со позитивна енергија и харизма.

Ме пречека како вистински домаќин.

За жал судбината сакала да си поигра со него и наместо да се грижи и прави планови за својот живот или да се “замара” каде утре ќе игра фудбал, баскет или ќе бира на која журка да иде, он мисли како да ја победи најподмолната болест која за жал се почесто е присутна помеѓу младите.

На Никола му е дијагностициран карцином на коски за кој е потребно голема сума на средства. Никола нема родители, живее со својата баба и дедо во село Црешево, па би ве замолил во мое име и името на ДНК сите добри и хумани луѓе и оние кои се во можност заеднички да помогнеме за Никола да ја победи болеста и потоа да не викне сите нас заедно на една голема журка каде што ќе го славиме животот.

Би ви биле благодарни и да споделите се со цел да стигне до што поголем број луѓе кои би можеле да донираат средства. Воедно упатувам апел до градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски да изнајде начин да му олесни на Никола околу финансиите и сите институции кои за жал не функционираат кога доаѓа до ваков случај.

За жал се повеќе лечиме болни преку пораки и донации. Ова е личниот број на Никола па кој сака може и лично да го исконтактира: 074 604 158

Трансакциска сметка: 200003717578051 – Стопанска Банка Ад Скопје. Линк за донации од Go Fondme