Naslovna Zivot Насмеана и во ептен оригинален стајлинг- пејачката Јулија не сме ја виделе...

Насмеана и во ептен оригинален стајлинг- пејачката Јулија не сме ја виделе во вакво издание (ФОТО)

Речиси една година помина откако се упкои Андријана Мациев, ќерката на пејачката Јулија која беше ликовен уметник. Таа го напушти овој свет на 12. мај, по долга и тешка битка со канцер.

Пејачката и водителка Јулија Мациев, последниов период отворено зборуваше за својата голема животна борба, борбата на нејзината ќерка со болеста.

Јулија на Фејсбук објавуваше фотографии од нејзината ќерка во болнички услови како прима терапија и добиваше поддрршка од многу пријатели.

Како што е познато, ќерката на Јулија беше ликовен уметник, и токму нејзините коелги, уметниците решија да ѝ помогнат да се избори во тешките мигови.

На Фејсбук, беше активна групата „Уметниците за Андријана Мациев“ каде бројни еминентни академски сликари и ликовни уметници ги постираа своите избрани уметнички дела.

Тие беа достапни во продажба по многу прифатливи цени, за сите кои ја сакаат уметноста и кои, се разбира, сакаа да ѝ дадат поддршка на ликовната уметница Андријана Мациев.

Јулија е пејачка, новинарка, а со години наназад и ТВ водителка, но последниве, таа стана и тренер за личен раст и развој, откако ја загуби својата мајка која ѝ беше голема поддршка.

Таа уште на млади години го изгуби сопругот и животот го посвети на својата ќерка Андријана, а последните две децении и на внуката Стефанија. Стефанија е актерка и Јулија и нејзината ќерка беа многу горди на неа.

Јулија минатаат година објави слики од внуката на театарска сцена. Таа и ќерката Андријана, доддека беше жива беа да ѝ дадат поддршка и тогаш Јулија напиша дека тоа е првото излегување на Андријана од дома по долго време.

Но во мај минатата година, речиси цело Скопје, сите нејзини роднини, пријатели и познајниоци, низ болка се збогуваа со младата Андријана, која за жал, ја изгуби битката со ракот по долго боледување.

Стефанија, која е актерка и игра во театарот Комедија направила нешто многу храбро. И покрај тоа што нејзината мајка Андријана се упокои, таа само неколку дена потоа, застанала на сцената на театарот „машки„ ја изиграла нејзината улога.

– На даските што живот значат-Театар Комедија, моето сонце Стефанија блескаше во улогата на Нина, величествена како вистински галеб, во преставата ,,Галеб” од А.П.Чехов

Стефанија оваа улога, оваа престава ја играше и ја посвети за својата мајка, за Андријана, за нашиот Ангел Небесен.

Благодарност на целата екипа од претставата,за сета маестрална енергија која ја донесоа на сцената и направија незаборавно доживување“, напишала Јулија која е горда на својата внука.

Јулија објави една своја ептен оригинална слика, на која е насмеана, а сликана е во студио, на снимањето на нејзината емисија „Будење со Јулија“.

Оваа наша пејачка и водителка е добар пример за позитиврн дух и по загубата на нејзината ќррка, а интересен на оваа слика е нејзиниот стајлинг, шарен комплет со пеперутки.