Охриѓанката Ева Нединковска се издвои на домашната музичка сцена како многу млада. Сега е успешна жена претприемач, мајка на шетгодишна ќерка.
Место самохрана, себеси сака да се нарече самохрабра мајка. Ева има неверојатна животна приказна, која за првпат ја раскажала јавно.
Целиот звој живот, таа го има раскажано во интервју за Женски магазин.
Ева вели дека би била среќна ако нејзината приказна им биде поттик и инспирација на жените кои секојдневно ѝ пишуваат.
– Од овој агол кога ќе се присетам на моите музички почетоци ми доаѓаат сосема поинакви слики отколку кога би ви го одговарала ова прашање пред неколку години.
Тоа се слики од моменти кои немаат само врска со музиката, туку со мојата животна филозофија и вредности како личност.
Филмски моменти и пресврти кои ја навестуваа приказната на една храбра, жилава, издржлива, страстна жена полна со живот, верба и љубов за се’ она што го живее.
Почнав на некои 16-17 години, но посериозно самостојно во мојата 18-та година како кантавторкана фестивалите “Канео фест, “Охрид фест” и “Макфест” , а исто и авторка на музика и текст за други изведувачи, на фестивалите.
Се сеќавам дека музиката течеше од мене многу природно, многу лесно, а и целиот процес на подготовка на моите настапи од креирање костими за настап, кореографија итн беше неисфорсиран, гладок.
Се сеќавам дека немав чувство на замор, чувство за време и тешкотија да направам било што, имав многу идеи, многу енергија.
Се сеќавам на 17-годишна девојка во својата мала соба во Охрид (пред фестивалите) со тетратката со текстови пред себе, први снимки и без никакви контакти со луѓето од музичкиот свет.
Еден ден, само зедов телефон, свртев Информации и ги барав контактите на уредниците на музичките редакции од ТВ куќите во Скопје за да им ја пратам мојата прва самостојна песна “Дали денот ќе е рај” и да ги закажам моите први ТВ и радио гостувања“, изјавила Ева.
Таа сега има свој центар за обука, и кажала дека всушност идејата за Центар за обука ЕВА се родил од нејзината желба да има едно место каде луѓето од сите возрасти ќе можат да учат многу работи што немале можност претходно.
-Одлучувачкиот момент беше еден и единствен. Беше прашање на живот или смрт.
Требаше да бирам помеѓу себе и мојата ренесанса или музиката и стариот живот кој ме водеше во пропаст.
Се избрав себе, за да можам еден ден да создавам повторно. – Центарот го отворив кога имав 27 годиниво 2011, релативно млада и неискусна од аспект на претприемништво и економија, бидејќи бев дипломиран филoлог.
Се’ што претходно заработив од музиката и работните ангажмани како филолог, потрошив во вакум периодот додека ја развивав бизнис идејата за ЕВА.
Тие што ме познаваат знаат дека многу ретко и тешко барам помош од други луѓе за што било, но за ЕВА му се јавив на мојот (сега покоен) дедо да му побарам некоја релативно помала сума, кој ми рече:
“Ако не ти успее биззнисот ќе ми ги вратиш до денар, а ако ти успее, не мораш да ми ги враќаш, подарок ти се од мене”, рекла Ева.
-Со таткото на Ена бевме 4 години од кои 2 официјално во брак. Ена е многу посакувано дете, круна и симбол на силна љубов и други човечки вредности кои за мене ко личност се важни, а тоа е безусловно прифаќање, поддршка, лојалност, преданост итн.
Разводот за мене беше тежок, болен и стресен период кој не го посакував, но кој мораше во дадениот момент да се случи.
Тоа е уште една од тешките животни одлуки кои мора да се донесат за да се остане верен на себе и должноста кон себе за среќен животи драго ми е што не избегнав во право време да ја донесам“, кажала оваа пејачка за Женски магазин.
-Имам нова кованица – самохрабра мајка, повеќе ми се допаѓа.
Секогаш сум во трка со времето, жонглирам и со бизнис обврските и со домашните задачи, а најважно е дека сум присутна за Ена и нејзиниот живот целосно“, додала Нединковска.