Naslovna Zivot Лила проговори како се чувствувала кога ѝ паднала косата: Се погледнав и...

Лила проговори како се чувствувала кога ѝ паднала косата: Се погледнав и викам тоа е тоа, убава сум (ФОТО)

Лила изминатиот месец за првпат отворено и непосредно зборуваше за својата најголема животна битка во новиот број на списанието за жени „Убавина и здравје“, за нејзината битка со кан-церот.

– Се чувствувам одлично, победнички! Последниот пет-скен покажа дека ка-нц-ерот се повлекол и дека сум здрава! Имам измешани чувства.

На моменти се смеам гласно, па ќе ми надојдат солзи… Повеќе од една година бев во постојана неизвесност и сонував за овој момент кога докторите ќе ми кажат: „Лила, во оваа битка ти си победникот!“ За среќа, го дочекав тоа.

Првата помисла ми беше: Дали е ова мојот крај? Уште колку имам? Потоа се сетив колку многу жени има што ги познавам и кои излегле како победници.

Ми поминуваа разни мисли, но, за среќа, тоа траеше кратко. Само зедов здив и ја прашав мојата пријателка, доктор Вики:

Што прво треба да се направи? Од каде да почнам?

Се фокусирав на патот што ме очекуваше и се трудев да размислувам позитивно. Среќна сум што имам неколку добри, вистински пријатели кои ми се како семејство, кои беа покрај мене и ми го олеснија патот. Бескрајно сум им благодарна!“, изјавила Лила.

По ова, се огласи нејзиниот пријател Спасе Јовановски од Сител, кој бил покрај неа цело време во најтешките мигови.

Спасе објави слика со својата пријателка и колешка, и не нагеовиот Фејсбук профил искрено ги сподели своите мисли:

– И додека го читам интервјуто, и се трудам да не заплачам… Се присетувам како се почна, и како се (фала му на бога) ОДЛИЧНО заврши!

Ќе ви посакам и на вас, да имате вакво ВЕРНО пријателство, пријателство во коа ќе бидете СЕКОГАШ тука, и во добро и во зл о!

За моја Лики, ќе кажам дека е една ЛАВИЦА која овааа вест ја прими шо-к-антно, но не дозволи да ја покори, и ниту во еден миг, не се предаде!

Никој не знаеше низ каква ГОЛ ГОТА помина, но ја помина со крената глава и насмевка!

А сега, се што ни останува е да го славиме животот! Живели!“, стои во објавата на Спасе.

Лила говорела на промоцијата на книгата „Ти си таа“, автобиографско дело на Србинката, Ана Дорник. ММС објави дека таа го споделила своето искуство за борбара со кан-цер.

„Чувствата се тие кои се причина за многуте болести. Јас знам од каде сето тоа потекнува и јас бев лута сама на себе затоа што мислев дека сè можам да контролирам.

Освен што прележав ко-вид јас во мојот живот немав никаква друга болест, ниту при-тисок, ниту холестерол ама никаков проблем ни хроничен ни акутен.

Јас живеам здраво и бев лута дури и кога се заразив со ков-ид, си велев како можев да дозволам ковид да прележам“, раскажа Лила.

Лила рекла дека по загубата на татка си се соочила со огромна тага, но љубовта кон нејзиниот син и кон нејзината мајка придонела да продолжи напред. Сепак, cтpecoт си го направил своето.

-Јас потсвесно знаев дека тоа мора некаде да „удри“. Тоа и се случи – посочи Лила. Нема компромис, избираш да се бориш“, рекла Лила во говорот кој го пренесе ММС.

Откако Лила проговори за својата здравствена состојба и како победнички излегла на крајот, многу од фановите ѝ упатуваат многу љубов и поддршка, преку коментари на слики, но сигурно и во нејзиниот инбокс.

Лила сега има нова фризура, која многу потсетува на фризурата на Шерон Стоун, а на Лила ѝ стои уште подобро.

Лила на стори проговори како се чувствувала кога почнала да ѝ паѓа косата:

-Кога ми падна косата мислев ќе плачам, се погледнав и викам тоа e тоа, жени намерно се шишаат ќелави и шетаат
така. Убава сум, ништо не ми фали, ќе си ставам перика и никому ништо.

Така и беше – си ставив перика… Jac не кажував јавно низ што минувам, ми требаше време за сама себе, не сакав да jа
споделувам тагата со никого, не ми се правеше муабет, рече Лила, а потоа се огласи и Спасе:

-Бев дел од целата оваа приказна, го имав може најтешкиот дел каде требаше да проголтам една грутка од грло додека ја кратевме косата по делови и сѐ тоа што правевме неколку години и надградба на коса и све да заборавиме и да се носиме со новата ситуациза и издржавме до крај, сѐ беше совршено затоа што она е совршена!!!

Ова е жената која ја почитувам и сакам на начин на кој само она заслужува!