Утринската емисија на Канал 5 ТВ, „Здраво Македонијо“ е една од оние емисии каде што гледачите имаат можност да се јават и да си го кажат своето мислење за одредени теми.
Најчесто водителите се Вера Мештеровиќ, Милена Антовска, Роберт Јанков, Јелена Спенџарска… кои можеме постојано да ги гледаме на малите екрани.
Кога ќе се спомене нејзиното име прва асоцијација е шопингот, токму поради улогата на шопингхоличарка што ја имаше во музичкиот спот „Шоп шопинг“ на Слаткаристика.
Водителката и инфлуенсерка Јелена Спенџарска и приватно гаи пасија кон модата, тенденциите, уличниот стил и сѐ она што се поврзува со модната естетика и креативност, напиша во една прилика Фешнел.
Секоја година купувам по неколку чифта бикини и никогаш не тргнувам без многу марами, шешири, очила за сонце, апостолки и рамни сандали, а што се однесува на гардеробата секогаш на одмор практикувам да носам кежуал облека како долги здолништа и фустанчиња, кратки џинс панталончиња, неколку кафтани и маички.
Не преферирам накит на плажа, но затоа секогаш носам добра книга и неколку модни магазни. Јас не сум јас, ако во една сезона не купам минимум пет чифта бикини.
Омилени ми се оние со животински принт, но сакам да комбинирам и контрасни бои од горниот и долниот дел, вели Јелена.
-Секојдневно по два часа дневно поминувам на кејот на Вардар. Трчањето многу ми помогна да го дефинирам телото и да го намалам вишокот килограми.
Најважно од сè е како се носи облеката, а не обратно. Таа најмногу зборува за Вас и кога молчите. Најголем комплимент за мене е кога девојки ќе искоментираат дека одлично изгледам, а комплимет од девојка е секако посладок од оној на момците, барем за мене.
Но, и јас сум од оние девојки што се жалат дека немаат што да облечат, сепак кога ќе подразмислам подобро, проблемот никогаш не е во немањето гардероба, туку недостиг на инспирација.
Не ми се допаѓа кога ќе видам девојки со конституција што не дозволува одредени трендовски парчиња како краткиот топ, или пак моментот што сè уште се носат силиконски прерамки и пренатрупани циркони како детаљ.
Иако се потпираме на тоа дека сè е работа на вкус, но некогаш ова правило едноставно не важи, рече водителката во Фешнел.
Јелена беше гостинка во емисијата „Нешто конкретно“ која ја води Снеже Велков и таму зборуваше на интересни теми. Јелена зборуваше во однос на воспитувањето на ќерките порано и сега.
Рече дека таа ја гледала нејзината мајка, и уште од мала решила дека не сака да биде класична домаќинка. „Не знам да готвам традиционални јадења.
Повеќе знам некои модерно, брзи. Сега кога бев во Грција научив да правам еден брз рецепт, ќе ти го направам“; рече Јелена, а потоа додаде: Не сакам да му роб-увам на мажот“.
Снеже Велков постојано ја потпрашуваше за нејзината врска со дечкото од Грција, а еднаш на шега ѝ рече: Децата што ќе бидат солунчиња или беровчанчиња?
На ова, Јелена која е инаку по потекло од Берово одговори: Не сум размислувала на таа тема, ама ќе најдеме некоја средина“.
Jeлена во петокот го прославила својот роденден во Скопје, а како што најави претходно, секој понеделник и петок ќе ја гледаме во утринската програма на Канал 5, додека останатите денови од неделата ќе ги поминува во Солун со Лукас.
Јелена уште од сабајлето започна со објавување на сториња по повод нејзиниот роденден, а интересно е тоа што освен Јелена, и нејзиниот колега Роберт го прославил роденденот на ист ден со Јелена.
Јелена кога стигна на работа, виде дека во канцеларија нема никој, но рече:
„Сега да ја извадиме трпезата и да почнеме со прослава, затоа што знаете кога мене ми е роденден и на Роки му е роденден. Тој е сега на емисија, да дојде и забавата почнува.“
„Мислам дека имаме капчиња од минатата година и нив да ги извадиме,“ рече Јелена на стори.
За жал, водителката Милена не успеала да присуствува на забавата, но затоа им се јавила на камера да им честита роденден на Јелена и Роберт, додека таа била на работа на друго место.
Инаку, Јелена наполни 30 години на овој роденден.