Naslovna Zivot Голем авантурист кој не се плаши од опасност- ваков е навистина Сарма...

Голем авантурист кој не се плаши од опасност- ваков е навистина Сарма од „Сител“ (ФОТО)

Елена Стојановска водителката, од ТВ Сител, во една прилика има објавено стори од новогодишната прослава на вработените во оваа телевизија, и на видеото се гледа колку биле весели и уживале.

Она што е интересно на сликата е Славица Цаци Арсовска по се изгледа била главна на оваа прослава, таа се опуштила со винце, и запеала, па на видеото кое Елена го објавила, се слуша како Цаци им пее на колегите.

Таа избрала една интересна песна, а тоа е „Срце је моје виолина“ од Лепа Лукиќ.

Една доста популарна песна за веселби и за прослави, а Цаци ја погодила баш таа и била главна на веселбата со колегите.

Инаку, Цаци сме навикнале да ја гледаме на вестите во палто и во кошули, што налага на протоколите кога се вестите во прашање.

Но, во една прилика година, додека известуваше од студиото за локалните избори во 2021 година, се појави во поопуштено издание, во црн фустан со откриени раце, а беше во друштво на колегата Иван Кузмановски.

Инаку, Славица е ќерка на нашата позната Тв новинарка Розета Асровска, која долги години својот „занает го печеше“ во Македонската радио телевизија, а Розета и денес е синоним за успешно Тв лице.

Во една прилика, Цаци сподели слика од својата мајка во младоста.

Тоа е всушност насловна страница од списанеито за енигматика „Котелец“, кое беше мошне популарно порано за оние кои сакаат да решаваат крстословки. Сликата е од далечната 1982 година.

Розета и тогаш, а и сега е убава жена, а Цаци ја населдила убавината од својата мајка.

На сликата која е речиси 40 години стара, се познава сличноста помеѓи мајката и ќерката Цаци, која е сега во истиот, телевизиски бизнис како и мајка ѝ.

Славица Арсова- Цаци и Александар Спасовски познатиот ТВ пар од Сител, пред десет години добија ќеркичка. Решија да ја крстат Мила, која е вистинска убавица а Цаци објавува среќни фотографии од својата ќерка на социјалните мрежи.

Како што е познато на целата јавност, една година пред да им се роди ќерката, Александар во живо на вестите на Сител ја побара Славица за жена, а таа веднаш профати и во тоа веме медиумите могу пишуваа за ова запросување.

А она што може да се заклучи за нашиот познат новинар од неговиот Фејсбук профил, е дека тој не се плаши од опасност и дека е голем авантурист.

На една од неговите понови слики, тој стои на врвот на една карпа, а на насловната фотографија, вози велосипед по висечки мост кој не изгледа баш безбедно, но за хрбар човек нема зима ни на вакви места.