Naslovna Zivot Благица Павловска си ја отвори душата: Влегов во брак и ги преземав...

Благица Павловска си ја отвори душата: Влегов во брак и ги преземав сите гревови од партнерот

Благица Павловска е една од нашите најголеми фолк ѕвезди, таа за пеење е царица. Имала многу бурен живот, а целата своја историја ја има раскажано во интервју за aleksandrovaastrologija.wordpress.com

– Со оваа професија се занимавам минативе 30 години, а не од 1992 како што знаат повеќе во јавноста.

Прв пат официјално се појавив на фестивалот Цветници, кој официјално се организираше од МРТВ, но пеев и пред тоа, со тоа што додека беше Екс Југославија, пеев на повеќе простори од нашата држава, пеев на запад, во Германија, Европа и т.н.

Сакав да успеам во тоа време на Југословенско ниво, но тоа не ми успеа. Зошто не ми успеа? Најверојатно не ми беше времето тогаш.

Кога сакав да почнам кариера надвор од нашиве простори се случи да се вратам од Босна, Сараево бидејќи тогаш почна војната.

Во два наврати спремав материјали и никако да ми тргнеше тоа да го завршам.

Но ништо не е случајно. Отпочнав со тоа што сакав мојот квалитет и мојот глас да го ставам на носач на звук за да го одбележам она што го правев со години, затоа што бев доволно извежбана и доволно веќе научив во однос на пеењето.

Не мислејќи дека ќе станам звезда, никогаш не мислев дека ќе се случи тоа што се случи. Но кога веќе настапив, автоматски се појавуваат и пријатели и непријатели. Од старт наидов на тоа.

Она што знам за себе е дека сум секогаш пријателски настроена кон сите, пред се со љубов го работам она што го работам и што пеам и она што ќе го одберам како песна.

Значи сакам секогаш да биде во позитивна смисла за да можам да побудам кај оние што ме гледаат и слушаат позитивна мисла и позитивен ефект од сето тоа а не да биде за да некој ме гледа лошо или мисли така како што мисли.

Во мојава кариера, од 1992 год. многу работи осознав, од она што не го знаев. Верував во Бог и порано, меѓутоа незнаев и не ја осознавав вистината.

Да веруваш не е исто како и да го почувствуваш тоа, да ги почувствуваш и добрите и лошите страни на животот и на луѓето околу себе.

Од моето лично искуство и мојата работа, запознав голем број на добри и голем број на лоши луѓе што значи дека по некој природен процес, мојот организам и мојот ум се бори да ги елиминира негативните а да ги задржи позитивните страни за да можам да опстојувам.

Значи опстојувањето на една личност како што сме ние во јавниот живот, имаме разноразни препреки, што вака гледано со голо око некој може да не ги види. Оној што сака да ти наштети може да ти наштети и на поинаков начин“, изјавила таа.

По многуте животни удари, пејачката Благица Павловска пред неколку години изјавуваше дека го пронашла внатрешниот мир преку песна, љубовта кон саканиот и љубовта кон животните.

Павловска многу ретко се појавува во медиумите, но во една прилика реши дека е време јавно да проговори што и се случува на приватен план.

Во изјава за ТВ магазинот „Бекстејџ“, Благица пред камери отири дека во последно време батериите ги полни во домашна атмосфера, помалку настапува, а исто така компонира и музика.

Во последно време повеќе сакам да се одмарам и да се релаксирам отколку да пеам. Наместо да настапувам по кафеани, кога сум слободна компонирам и правам музика, тоа повеќе ме исполнува во моментов.

Живеам со моите кучиња и тие имаат можност да ме слушаат во живо и пред нив одржувам концерти, вели познатата фолк пејачка за „Бекстејџ“.

Таа во 2018 година се омажи за Тале, со кого рече дека склучила граѓански брак детаљ од нејзиниот живот кој беше незпознат за јавноста до тогаш.

Иако не потенцираше дека на љубовно поле не и цветаат ружи, Благица на парашањето поврзано со бракот вели:

Мажена сум, но не знам дали тоа така ќе остане засекогаш. Знаете како, сите сакаат да бидат со Благица.

Јас сум човек кој што на грб ги носи сите, но поради тоа што се им олеснувам, почнуваат да летаат во облаци и мислат дека јас секогаш ќе бидам тука за нив, ама не е така, одговор кој доволно покажува дека „коцките не се на број“.

Инаку, ова е втор брак на Благица Павловска која своевремено изјавуваше дека не верува во оваа институција, но сепак уште еднаш се обиде да и даде шанса на љубовта.

Потоа, таа се раздели и од Тале, а во интервјуто за Александрова астрологија, изјави што всушност мисли за бракот и ја кажа целалата вистина:

-Влегов во брак и ги преземав сите гревови од партнерот. Ако ги има ги преземав на своја одговорност а штом ги превземав и ги потпишав исто како јас да сум ги направила.

Дојдов во таква ситуација да се борам со истиот човек“, кажа Благица која претходно беше во брак со Сашо со кој се омажи во затвор во Италија, а потоа се разведе откако дознала дека иам друга жена.