Naslovna Zivot Убави вести за малиот Јане Велковски- ги објави мајка му која е...

Убави вести за малиот Јане Велковски- ги објави мајка му која е многу горда на него

Целот свет дозна за младото момче од Скопје, Јане Велковски, кој поради својата голема љубов кон фудбалот, се запозна и со светски познати фудбалери.

-Јас сум Јане Велковски, имам 11 години и учам во шесто одделение во подрачното основно училиште „Димитар Поп- Ѓеорѓиев Беровски“ во населбата Хром.

 

Вака, кога имаше 11 години, познатиот Јане Велковски, на кој здравествената пречка не му е пречка да ужива во фудбалот и да го сака, се претстави во јавноста, а ова го објави порталот Пркос. Јане Велковски сега има полни 14 години.

-Мојот живот во оваа населба е многу среќен и весел, се чувствувам безгрижно бидејќи сите се познаваме и се дружиме. На централно место е нашата „пољанка“ која ни е место за собирање и играње, каде има деца од многу, многу генерации.

Еден дел од пољанката е со песок и играчки за помалите деца, другиот дел е само со трева каде играме фудбал и други спортски игри, а има и оградено бетонско игралиште со голови и кошови, каде најчесто играат поголемите од нас.

Јас и моите другари сме во средната возрасна група, но често постарите ни отстапуваат место да играме и на головите. Се дружам со сите, но најмногу уживам со децата од моето одделение.

Тие се мои најдобри другари и моја најголема поддршка, а и јас нивна. Од прво одделение сме заедно, нераздвојни сме и на училиште, и дома и надвор.

Во текот на првите 5 години од образованието имавме многу повеќе време за убави дружби надвор од училиште.

Речиси секојдневно се договаравме за играње дома по часовите, родителите се организираа за заеднички шетања на различни места, славење на Нова година заедно, родендени, празници и слично.

Оваа учебна година имаме многу повеќе за учење, па се намали времето за играње, а се зголемија обврските. Сепак, се трудиме да најдеме време за игра и секој момент го користиме за тоа, си разговараме, се смееме и се шегуваме.

Исто така се шетаме малку подалеку каде среќаваме и други друштва. Со мојата електромоторна количка која ја викаме „формула“ се движам самостојно и сум релативно брз, иако би сакал да бидам уште побрз и да трчам“, рече Јане.

Пред речиси 4 години, Јане кој боледува од спинална мускулна атрофија беше во Њујорк, и зборуваше на самитот на УНИЦЕФ по повод Светскиот ден на децата.

Инаку, најскапиот играч на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, објави видео со Јане Велковски во кое уште еднаш го покани во Манчестер да гледа натпревар на „Црвените ѓав оли“.

Јане замина да го гледа овој натпревар со своето семејство, а птооа, кога беше во Њујорк, го запозна и Дејвид Бекам и се сликаше со него.

А мајката на Јане Велковски објавила една негова слика на која објави убави вести, имено малиот Јане пораснал во големо и убаво момче, тој е сега полуматурант, а неговата мајка и неговото семејство се гордее со него.