Naslovna Zivot Христијан Мицкоски се прости од близок човек: Ах бре Ванче, замина без...

Христијан Мицкоски се прости од близок човек: Ах бре Ванче, замина без да се простиме

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, вечерва на својот профил на социјалните мрежи, се прости од близок човек, партиски соработник кого очигледно многу го ценел.

„Аххх бре Ванче, замина без да се простиме…, а ти ветив дека после Велигден се гледаме на состанок во Кратово. А сега што? Ќе дојдам утре непланирано…, ќе дојдам утре да те испратам кон твојот вечен дом.

ВМРО-ДПМНЕ во Кратово не загуби Претседател туку голем човек. За жал судбината така сакаше, твојот живот запре, но останаа делата и нашата почит кон твојата личност.

Почивај во мир братко, ќе се најдеме таму горе некаде и ќе го продолжиме тоа што не успеавме да го завршиме тука заедно.

Извор: Фејсбук профил на Христијан Мицкоски