Пејачот која својата кариера ја започнал кон крајот на деведесеттите години и ден ден е популарен на естрадата. Тој е во брак со пејачката Марта Савиќ, со која ја имаат ќерката Елена.
Пејачот има низа хитови кои сите ги сакаат и пејат, но сепак никој не знае кое е неговото вистинско име.
Она што е исто така интересно е дека е роден на 1. јанураи, односно на Нова Година, а неговото вистинско име е Милојко.
Пејачката Марта Савиќ, сопругата на Миле Китиќ, била сведок на општинско венчавање на еден естраден пар, продуцентот Мирко Гавриќ и Драгана Ракчевиќ.
Марта Савиќ, ја доби честа да биде кума на свадбата на продуцентот на Гранд, Мирко Гавриќ и неговата избраничка, пејачката Дргана Ракчевиќ.
Марта иако беше кума, направи скандал и замалку ќе ја расипеше цела церемонија, бидејќи како што вели ја заборавила дома личната карта.
„Доцнев на свадбата, ја загубив личната карта од паника, а како да ги венчаме младите без лична карта. Се беше од возбуда, ја држев во рака и ја снема“, рече пејачката.
За среќа, таа ја нашла личната карта и свадбата поминала во најдобар ред.
Миле Китиќ и Марта Савиќ воопшто не се штеделе, па за секој член од семејството во нивниот дом направиле по еден спрат.
Има и внатрешен базен кој само со допир на едно копче може да биде надворешен.
„Различно е кога човек го ужива во луксуз на готово, а различно е кога за тој лускуз мора да се потрудите. Полека и чекор по чекор средив сама, секој детал во домот сама го купив и наместив.
Ништо од ова не е паднато од небо. Некогаш ми е тешко бидејќи сакам сама да се грижам за оваа куќа и поради тоа сум горда на себе, изјави Марта во една прилика и додава:
Секој дом треба да личи на газдата, многумина мои пријатели ми се јавуваат за да им помогнам кога уредуваат стан или куќа. Мислам дека е голема грешка што не почнав да ја работам таа работа, вели пејачката.
Елена, ќерката на Миле и Марта започна музичка кариера, но во различен правец од нејзините родители.
Изминатиов период се пишуваше дека фолкерот Миле Китиќ купил имот од 200 метри квадратни во Доминиканската Република, како што се наведува, дуплексот се наоѓа на само 50 метри од морскиот брег.
Пејачот, иако на сцената е пет децении, призна дека пред две години заедно со сопругата морале да подигнат кредит за да купат дуплекс во доминиканското одморалиште Пунта Кана.
– Марта ја чистеше куќата четири месеци и уживаше. Зградата се наоѓа на 50 метри од морето. Тие уживаат, а јас работам. И така треба да биде – открил во една прилика Миле.
Судејќи по тоа што поминуваат неколку месеци под карипското сонце, јасно е дека не зажалиле за значителната инвестиција од, како што се шпек улираше, 300.000 евра.
– Еднаш Марта и Елена отидоа во Доминиканската Република и кога се вратија повторуваа Доминиканската, па Доминиканската. И двајцата изразија желба почесто да престојуваат таму, а потоа јас реков: „Ако ви се допаѓа, повелете“ – изјави Миле Китиќ.
Марта Савиќ луксузниот стан го опремила во минималистички стил, без излишни детали, а во преден план е бела боја, како во собите, така и на огромната тераса.
Приземјето и првиот кат се поврзани со едноставни дрвени скали без ограда, подот е бел мермер, а мебелот исто така е бел.
На терасата, покрај удобен кревет и трпезариска маса, има и џакузи, а за посебната атмосфера придонесува неверојатно убавиот поглед на палмите и морето.