Ване Маркоски е еден од најпознатите ТВ и радио водители во нашата државата. Долго време не забавува пред малите екрани со неговите емисии кои се со најразлични тематики, а важи и како голем љубител на животните.
Ване Марковски е познат како голем љубителл на природата, заговорник на здравата исхрана, фитнесот и здравиот живот, но она што можеби не сте го знаеле за радио и ТВ водителот е дека е исто така и голем љубител на животните.
Особено домашните миленичиња му се слабост, па затоа Ване реши друштво да му прави едно кученце. Имено, според информациите, Ване истото го спасил од улица, каде што кутриот пес бил оставен во очајно лоша состојба.
Откако го прибрал, го нахранил и однел на ветеринар за да го излечи, по успешната операција на спасување и рехабилитација, покрај креветот, сега неговиот Буби му е најверниот четвороножен пријател на водителот.
Патем, љубимецот на Ване сега живее удобен живот и во секоја прилика е покрај својот месија, кој му подари втор живот – многу подобар и посигурен околку оној скитничкиот од улица, напиша Вистина.мк Познатиот водител е инаку оптимист и има изјавено:
Верувам дека во секоја ситуација, секој човек треба да ја гледа позитивната намера. Верувам дека и оние луѓе кои не прават добро, сакаат помош“, рече Ване.
На Ване му е многу важно да е во близина на луѓе кои што ги сака, па во еден негов статус на Фејс сподели дека пријателите се се’ што му треба.
Продолжува на следната страна