Naslovna Vesti Никола: Човек како што може сам да си направи штета, никој друг...

Никола: Човек како што може сам да си направи штета, никој друг неможе да му направи

Статус на Никола Груевски: „Концептот на отворени трговски центри оддамна е напуштен. Тоа го знаев и ми беше јасно уште пред повеќе од 20 години, како што ми беше јасно дека ГТЦ со време ќе пропадне, доколку не се затвори и модернизира.

Оддамна непостојат шопинг центри во големи градови каде одејќи по продавници може да ти претрчуваат или да те нападнат улични животни, да ти е многу студено во зима или многу жешко во лето.

Во Скопје оддамна има модерни шопинг центри и јасна е разликата. Колку и локацијата да е централна, а навиката за посета стекната, новото време и конкуренцијата бара промени и прилагодувања.

Затворањето на ГТЦ значи и неминовна промена на надворешниот изглед, а кога веќе се избира нова фасада тогаш се мислеше дека на таква првокласна локација која е слика на центарот на главниот град може да биде некој историски архитектонски стил кој ќе биде многу атрактивен, привлечен и нов бенчмарк на главниот град на републиката.

Додатно на ова, планот беше ГТЦ да добие уште еден кат плус кој можеше да биде хотел, или канцелариски простор, или било што друго од деловно-комерцијален карактер.

Со продажбата на тој кат, планот беше да се вратат парите кои од буџетот ќе се вложеа во затворањето, новата фасада и темелното реновирање и разубавување на ГТЦ во неговата внатрешност.

Во тоа време некои луѓе во СДСМ кои ништо не сработиле во животот за општо добро а имале такви можности, се исплашија дека со спомениците, новите објекти во современ и во историски стил и со новите фасади во историски стилови, ВМРО-ДПМНЕ создава нешто што трајно ќе потсетува на неговото владеење, но во исто време и на неработењето на СДСМ кога биле на власт, или како што јавно рече во една прилика еден нивни злобен перјаник – Мирослав Грчев “ВМРО со ова си создава трајни билборди”.

Го слушнав и си помислив “а зошто не создававте и Вие,зошто ништо не изградивте, подолго бевте на власт од ВМРО”… Еве сега се шест години повтоено на власт, пак ништо ни градат, ни создаваат.

Само “млатење празна слама”, политички прогон на политичките конкуренти, понизност пред меѓународната заедница за да им помогне да останат подолго на власт придружена со одстапки на националните прашања и крадење на ангро.

Продолжува на следната страна