Naslovna Zivot Го најдов вистинскиот забар на Флорида и сакам да го препорачам, особено...

Го најдов вистинскиот забар на Флорида и сакам да го препорачам, особено на Балканците кои живеат тука

Еден од најголемите проблеми на нашинците кои живеат во дијаспората, се скапите здравствени услуги, особено оние, кои не ги покрива здравственото осигурување.

Тоа во Америка се стоматолошките услуги, кои или не се воопшто, или пак, од осигурувањето се покриени само најосновните интервенции, како на пример чистење на забен каменец.

П.П. кој е по потекло од Скопје, а живее и работи на Флорида, откри како го решил овој проблем.

-Најчесто забите ги поправам кога се враќам на одмор во Македонија. Тоа е во летните месеци, но некои години, кога работните обврски ми го дозволуваат тоа, знам на дваесеттина денови да си дојдам и околу новогодишните и Божиќните празници.

Но годинава, поради моите работни обврски, нема да бидам во можност да си дојдам, па така, одлучив забите да ги поправам тука, во Тампа, Флорида, каде што живеам.

Имав два заба за пломбирање и една оштетена коронка. Но, забарот кој го најдов тука во моето соседство, д-р Жан (жена му e Хрватка), ми рече дека на еден од забите веќе со пломба неможе да се реши проблемот, бидејќи имам длабок џеб, а и поради фактот што се исчистени рут канали.

Па така, ми предложи коронка, на која редовната цена и е 1200 долари. Во прв момент не прифатив, па докторот ми ја спушти цената на 800 долари и ми напомена дека ќе морам да ставам коронка уште на еден заб.

Го замолив да ми даде дополнителен попуст, бидејќи и мојата сопруга требаше да смени една коронка, која и беше од Македонија, но и се одлепи.

Се согласи и ми даде цена од 500 долари по корона, со оглед на тоа што веќе се договоривме да стави три, две кај мене, една кај сопругата.

Тука ќе напоменам дека и редовните цени за пломбирање кои се 200-250 долари, за нас ги намали на околу 100 долари.

Настрана сето ова, ординацијата и докторот се фантастични. Има опрема која досега не сум ја видел, а за „лесната“ рака и квалитетот на изработка, не сакам ни да зборувам. ВРВ!

Јас верувам дека не сум исклучок, на кого тој му дал попуст, туку дека тоа му е стратегија да привлече поголем број пациенти, бидејќи конкуренцијата од забари е огромна. На секој чекор има ординација.

Со оглед на тоа, со искрено срце го препорачувам доктор Жан, особено на Балканците кои живеат во Тампа Беј заливот, а со оглед на добрите цени, можеби и на оние кои живеат во Мајами би им се исплатело да возат 4 часа и да си ги поправат забите тука во Тампа.

Ова е веб страната на д-р Жан, каде можете да направите резервација и да закажете термин.

Името и презимето познати на редакцијата