Статус на д-р Нико Беќаровски: „Секој доктор кој ќе го прочита извештајот од ДСЗИ ќе се сложи дека колешките од Битола го направиле максимумот кој го имале на располагање.
Секој здравствен работник добро знае каква траума е кога го давате најдоброто од себе, а сепак пациентот го губите.
Можете само да претпоставите каков е шокот кога тоа е младо беспомошно девојче кое починува во Вашите раце. Секој од нас во својата кариера се соочил со вакви траорни моменти на немоќ и покрај енормниот вложен труд и желба да го направи најдоброто.
Тоа се Тие моменти кога искрено сакате никогаш да не сте го облекле белиот мантил, а оставаат лузни кои никогаш не исчезнуваат.
Со денови, месеци, некогаш и години се преиспитувате дали сте можеле да постапите поинаку. Не е случајно што просечниот докторски живот е пократок за цели пет години од просечниот животен век.
Продолжува на следната страна