Во едно интервју за vipheart.mk, нашата позната ТВ презентерка и водителка од Канал 5 телевизија, Бубе Јаневска- Ивановска рече дека би сакала да живее во Барселона.
– Градот кој го почувствував како мој дом од првиот момент кога стапнав во него. Како да сум живеела таму во некое минато и градот во кој би живеела ако некогаш си одам од овде.
– Емотивноста ме нервира кај себе, а и во одредени ситуации наивноста што во ова време-невреме им верувам на луѓето. Иако, искреноста и чесноста се мои одлики, очекувам и другите да се такви, а за жал не се. Од карактерот мој…
Па, не знам како се вика таа особина ама не си поднесувам понекогаш што мислам дека можам сè сама“, кажа Бубе во истото интервју за себе, па додаде:
– Добрите карактеристки одамна веќе се мана, за жал и тоа е она што ме вади од кожа. Не може користољубивоста, нечесноста, лагата, лицемерието да биде вредно и важно.
Се дури на овие работи луѓето гледаат како на доблести, никогаш нема да биде од нас општество со вистински вредности. Се фатив сега скоро дури зборувам на телефон дека стопати реков „ме сфаќаш“ и излудев. Имам работа сега, да го исфрлам од речник ова, ме сфаќаш?“
– Во деновите кога сум на работа, денот ми почнува со кафе со колегите во Канал 5. Обично со првото утринско кафе се подготвувам за емисијата односно за гостите кои ми се предвидени за тој ден.
Продолжува на следната страна