Naslovna Zivot Емотивна и вистинска приказна за старо Скопје од која солзи можат да...

Емотивна и вистинска приказна за старо Скопје од која солзи можат да потечат: Сите јадеа сендвич со плескавица и црвен пипер

Не залудно велат дека младоста е најубавиот дел од животот, а за младоста на многу скопјани кои живееле во време кое е доста поинакво од ова денес често се пишува на социјалните мрежи.

А еден од оние што често на Фејсбук снае да потсети како било и што било во старо Скопје е и Петар Георгиевски- Камиказа, музичарот од групата „Меморија“.

Овој емотивен статус, Петар го напишал во 2016 година, а го сподели сега, и кажува една многу емотивна приказна за времето кога во Скопје се искачало кај Чичко Стоилко.

– За младите генерации што не знаат, ова беше местото од кај што тргаше се што е поврзано со забавата во тогашно Скопје. После часови од гимназија се идеше пред Ванила и се договараа сите активности за у диско, за у Дом на млади, за идење на Водно со укр-адените коли од татковците или за трки со мотори (велосипеди со помошен мотор – пони експрес).

Се случуваа и првите љубовни приказни, по некоја тепачка за ништо или за некоја девојка, и уште еден куп работи кои нас во тоа време ни изгледаа како многу важни. Многу од бендовите кои во тоа време постоеја беа формирани, расформирани и реформирани токму тука, пред Ванила.

Секој од различна интересна група имаше различно место на стоење и различно понашање за прием на нови муабетџии во друштвото (тоа требаше да се заслужи, иначе те ставаа на игнор).

Продолжува на следната страна