Naslovna Zivot Сузана Турунџиева кажа во што е целата срeќa вo животот и целата...

Сузана Турунџиева кажа во што е целата срeќa вo животот и целата нecpeќa

Пејачката, водителка и писателка минатата година промовираше нова книга со наслов „Зборотерапија“ за која рече дека е разговор со нејзината душа, нејзината долгогодишна потреба по сопственото јас.

Познато е дека Сузана стана добра пријателка со хероината од „Медена земја“, Атиџе Муратова, со која станаа како сестри.

Од накит има само очи… ОЧИ, ПОЛНИ ЧОВЕЧНОСТ И ДОБРИНА! Да ја немаше ќе требаше да ја измислиме. Атиџе Муратова“, напиша Сузана за својата пријателка.

„Понекогаш медицината не е во состојба да го излечи она што љубовта може да го исцели… Биди љубов“, вели уште еден интересен статус на Сузана. Во друга објава, таа зборуваше за своето животно искуство.

„Она што не го учевме во училиште е ИСКУСТВОТО… со луѓе, ситуации, носење на одлуки, избори…

Некои лекции изгледа не можат “од прва” да се научат, па затоа животот не ретко не праќа на поправен испит…

Секоја година ми носи нов “матерјал за учење” кој подоцна станува мој благослов. Најважно што досега научив е дека:

– Ако нешто не оди, тогаш немој да форсираш… Сигурно не е за тебе!

– Почитувај ги своите и туѓите граници! – Не постои награда за трпение…

– Биди она што си, бидејќи на вистинските луѓе им е важна твојата содржина, а не амбалажата.

– Немој да тргуваш во релациите со луѓето за да не дојдеш во ситуација да се ставиш себеси на распродажба. – Кога сакаш некого, кажи, ама и покажи!

– Во ред е да тагуваш понекогаш.. – Простувај секогаш кога можеш..“.

Уште еден нејзин статус е до срж искрен. Во него има и малку хумор, но Сузана како со неколку збора да ја раскажала својата животна приказна.

„Велат дека на секоја жена и е потребен маж, за да има на кого да се потпре во животот…Еее, ама јас тој филм го немам гледано… Го изгледав само трејлерот… Филмот, за жал, заврши пред да почне.

Арно ама, за сметка на тоа што го пропуштив филмот, животот ми даде едни супер жени, едни женски братчиња, едни исклучителни и скапоцени женски битија со златни срца, благородни души и златни раце…

Колаченцата ( Кои искрено ми е жал да ги јадам) ги направи една од тие супер жени, родена на ист ден како мене… Жане, те сакам“, објави Сузана за својата пријателка.

– Убаво е што во во ова модерно време, преку мојот Фејсбук профил, Атиџе можеа да ја следат нејзините фанови од Америка, од целиот свет.

Ние во оваа пандемска година не престанавме да работиме, рече Сузе во емисијата Магазин на ТВ Сител.

Кога се запознавме, ништо не си ветивме една на друга. Одевме чекор по чекор до целта. Нас некако ни се препрелетоа енергиите, направивме една супер конекција. Ние сме многу раслични ако земеш да не анализираш.

Но, од женски аспект сме многу слични. Таа ја има сромноста, трпеливоста, ведрината која што е во дефицит во ова наше лудило. Се повеќе луѓе се грижат за интереси, се повеќе ги врзуваат зделки и можности да заработат едни од други.

Нас ништо не не врза такво. Апсолутно ништо, јас бев растеретена од таа комерцијална страна јас да бидам покрај Атиџе и таа да биде покрај луѓето коишто ја препознаваат нејзината љубов, и не случајно тимот на „Медена земја“ ја одбрал баш Атиџе“, рече Турунџиева.

-Јас не сум сретнала некој што толку многу ја сака Македонија колку Атиџе. Таа со толку многу голема љубов зборува за својата земја. И навечер кога си седиме често пати, и си фантазираме„, рече Сузана.

Турунџиева вели дека ако нешто силно сакаш, универзумот ќе се потруди тоа да ти го озвозможи.

Во својот најнов статус. Сузана Турунџиева вели: Ќе помине СЕ! Во тоа е целата несреќа. И целата СРЕЌА“, и многумина и кажале дека е во право со оваа проака до која има објавено својата фотографија.