Нашиот познат пејач Влатко Лозаноски, во една прилика објасни за својот прекар по кој е познат:
-Уште на стартот на шоуто на „Мак ѕвезди“, сакав публиката да ме знае како Лозано, поради тоа што претходно сите ме познаваа така“, кажа тој за својот прекар.
„Добивам понуди да пеам на погр еби, свадби разводи…во такви моменти јас и мојот тим не знаеме како да реагираме. Но, мора да се навикнеме.“ – рече Лозано.
-Настапувам на разни настани и се радувам на тоа што денот им го правам уште поубав.
Обично ми ги бараат моите песни, што ми е многу драго, но секако има и отстапки, пеам и песни кои се општо познати кај народот, сепак тие се најважни во тој момент и сакам колку што можам да им ги исполнам желбите“, изјави тој во едно интервју.
Влатко зборуваше и дека е голем тремаџија и за тоа дека му треба доста време да се опушти на концерт. Рече дека првпат сфатил дека е познат после шоуто Мак ѕвезди, и зборуваше зошто никогаш не посегнал кон по роци.
– Нема потреба од такво нешто, се е психолошки момент. Реално како иднивидуа сум голем тремаџија. Денеска и да имам пет шест концерти, имам трема. Но, се опуштам после првата, втората песна,“, изјави Лозано.
Секогаш си имав некој ритуал сопствен. И моите колеги пред концерт ми зборувале- зошто вака си чуден? Кога имам некој важен настап, не сакам да сум со луѓе.
Сакам да појдам на некое место каде што сум сам, глдеам Нетфликс, и не мислам на она што следи. Не знам дали некому му успеало, на некој што е нервозен да му речеш: Не се нервирај!
Потоа Лозано зборуваше за својот голем концерт во салата Борис Трајковски кој се слули во 2019 година, а имаше околу 10 илјади луѓе во публика.
-На концертот во Борис Трајковки не очекував дека ќе има толку многу луѓе. И си мислев, може да се случат некои чудни работи.
Продолжува на втората страна