Naslovna Magazin Сузана Гавазова пристигна во Австралија- пpечекана како најголема ѕвезда, а еве кој...

Сузана Гавазова пристигна во Австралија- пpечекана како најголема ѕвезда, а еве кој ја придружува на ова патување (ФОТО)

Таа на вистински начин знае да донесе македонска народна песна со нејзината интерпретација, но и да испее авторска песна. Станува збор за Сузана Гавазова, една од нашите најпопуларни пејачки и во Македонија и во дијаспората.

Непосредна, спонтана и со харизма која публиката ја сака. Во текот на пандемијата, Гавазова покажа дека има свој начин како да си направи забава и да ги наполни батериите со она кое и го сака душата.

За популарната македонска фолк пејачка и секако една од најзгодните, ниту еден ден не е потрошен без забава и моменти кои ја исполнуваат.

Сузе тоа постојано го покажува и докажува преку честите објави на социјалните мрежи и интервјуата во медиумите- дека во животот супер ѝ оди.

Таа во една прилика објави фотографија од неа и од сопругот Јасмин, со кој има две ќери, на која се гледа дека се среќни и насмеани и со неа назначи колку поддршката од сопругот кој ѝ е ветер во грб ѝ е важна.

До сликата што ја објави со Јасмин, Сузе напиша: ,,Заедно сме посилни!”, и навистина е така. Сузе не пропушта да покаже колку подршката од Јасмин ѝ е важна во повеќе наврати.

Гавазова не престанува да изненадува со својот изглед. Поубава и поубава од ден за ден, а нејзината топ форма е нешто што многу жени го посакуваат.

Во тесен фустан, сукња често знае да стави слика и да покаже како се дотерала пред настапите. Но, некогаш навистина знае да изненади, а тоа го направи токму сега кога на своето Инстаграм стори објави фотографија од бикини.

Продолжува на втората страна