Во јануари минатата година, на 66-годишна возраст во вечноста замина Аки Рахимовски, пејачот на Парни Ваљак (66). Веста за неговото упокојување беше објавена на официјалната фејсбук страна на групата.
„За малку нежност, ќе се согласам на сѐ, за малку нежност, да можам да заспијам“.
– Драги пријатели, со неопислива тага во нашите срца, ве известуваме дека денес, 22.01.2022 год. за секогаш заспа Аки Рахимовски – пишува во објавата.
Пејачот на „Парни ваљак“, Аки Рахимовски е од Македонија, а пред две години доби ќерка со 48 годишната Словенка Барбара Весел. Александар Рахимовски е роден во Ниш, но за брзо време се преселува во Скопје.
Неговиот татко бил музички професор со што на седум години тој започнал да учи во музичко училиште за клавир и пеење. Како тинејџер бил член на неколку состави меѓу кои се групите “Вакуум”, “Крвна брача” и “Тор” со кој настапил на фестивалот во Загреб во 1975 година.
Во соработка со менаџерот Владимир Михаљек – Мих го формираат првиот состав на “Парни ваљак”. Во македонскиот радиски етер, како и долж целиот регион, беше емитуван новиот сингл на загребскиот легендарен состав Парни ваљак –
Моја глава, моја правила, објави Независен.мк Во Македонија, синглот ексклузивно го емитуваа: Македонско радио, прва програма, Радио Г, Метрополис Радио Мрежа, Бубамара и Скај радио.
Продолжува на следната страна