Naslovna Zivot На Ѓокица Лукаревски годините ништо не му можат- еве што направи cо...

На Ѓокица Лукаревски годините ништо не му можат- еве што направи cо Дац и Александар на сцена во Драмски (ВИДЕО)

Во една прилика, директорката на УЈП Сања Лукаревска зборуваше за тоа каква била во детството и во младоста, и за својот татко, големиот актер Ѓокица Лукаревски кој го паметиме по многу улоги, од Тетарче лево ќоше до Македонските приказни и многу други.

-Ако го земам во предвид фактот дека бев постојано претседател на класот во средното училиште ,,Никола Карев,, и лидерски се борев за нашите права како ученици, изгледа дека сум била на некој начин бунтовник.

Тинејџерските денови беа навистина прекрасни, безгрижни. Денес се смеам кога ќе ми текне , какви проблеми сум имала тогаш. Всушност тоа не биле проблеми, туку едни убави грижи.

Не ми одеше физиката, не ја сакав , ама се мачев да ја сфатам . Уживав на часовите по географија. Глумев во претстави во средно школо , пројавив некоја амбиција за глума, но остана се само на желба и ништо повеќе.

-Мислам дека бев мноу возбудена кога требаше да одам на новогодишна претстава во која глуми татко ми, заедно со тогашните мои другари од основното училиште ,,Димитар Миладинов”. Се сеќавам, кога бевме на такви претстави, најчесто во Универзаланата сала, на крај на претставата тој ќе ме пронајдеше во публиката и дискретно ќе ми мафнеше.

Тоа го гледаа моите другари, а јас бев пресреќна. Имаше и такви случаи кога, тој ме носеше на доделување на пакетчиња во Драмскиот театар. Тој Дедо Мраз таму, ми беше многу страшен и наместо да се радувам, бев заледена од страв.

Продолжува на следната страна