Naslovna Zivot Маријана ја нaвpeдиja во коментар- „оди бегај скриј се“, а таа не...

Маријана ја нaвpeдиja во коментар- „оди бегај скриј се“, а таа не остана должна -на овој начин врати

Маријана Новачевска, Поранешната пејачка ѕвезда, која пееше во дует со својата сестра Росана Сариќ Тодоровска, речиси три децении живее во Мелбурн, Австралија.

Вели дека има нормален живот, исполнет со мир и спокој. Посветена е на нејзините две деца и работата, и секако внуката од синот Филип, Ева.

– Во времето кога музичката кариера ни беше во цутот, постоеја концерти, фестивали, забавно- музички емисии, разни прослави итн. Работата што требаше да ја завршиме за една фотосесија, или за издавање албум со нашата музика беше огромна.

За нашата работа добивавме финансиски надоместок, но многу поважно е дека тоа, заедно со публиката, ни даваше полетност и сила нам, на естрадните уметници, да твориме уште повеќе, да бидеме присутни на сцената.

Начинот на живот, снимањата или прославите што траеја до доцна во ноќта, не дозволуваа да можеш да имаш и дополнителна работа во тоа време.

Кога работите почнаа да се менуваат и многу од горенаведеното престана да се случува, естрадните уметници започнаа да ја чувствуваат потребата да имаат и „секојдневна“ работа“, се присетила нејзината сестра Росана, во интервју за Слобоен печат.

Целата кариера со Маријана ми е омилена. Направивме навистина голем број хитови, но ако веќе морам да одберам омилена, тогаш нека бидат „Едно срце имам душо“ со Маријана и „Надежи“ со мојот пок оен брат Мирослав“, изјави Росана.

Пријателката на Маријана од Австралија, Татјана Лазаревска и нејзиниот сопруг Новица многу често си прават дружби со Маријана и тоа го објавуваат на социјалните мрежи.

Маријана на Фејсбук објавила една нејзина убава слика и добила доста комплименти од своите пријатели и секако од сестра ѝ Росана Сариќ- Тодоровска.

Но, еден од коментарите не бил воопшто пријатен, поточно беше напишано: Бегај, скриј се таму негде мори ве-ште-рко“. на Ова, Маријана одговорила:

-Благодарам за комплиментот. Зошто би се криела? Ова е мојот профил и еве јавно ти препорачувам да не гледаш ве-шт-ерки.

За нов велат, биле оп-асн-и и правеле маг-ии. еве, јас ќе пробам со мојата магија да те направам убав. Аб-ра-када-бра. Извини, некако не ми успева денеска со твојата убавина“, одговорила Маријана.

Потоа, напишала уште еден статус по повод нејзината фотографија, сите коментари, и овој за кој претходно зборуваме.

-Благодарам на сите за убавите зборови и прекрасни сликички. Наградата за најубав и најдобар комплимент испратен до мене без да се лутите му припаѓа на Зекрија Зеки Xхемаили.

Господинот ми препорачува јас како ВЕШ-ТЕ-РКА да бегам и да се сокријам таму некаде…..

Зеки, Зекич,З ајко немој многу да ми се секираш, затоа што сум дефинитивно многу далеку од тебе, а да се сокријам малку ми е нелогично за тоа што ова е мој профил без разлика дали вам Господине ви се бендисува или не.

Убавината е добрината која многумина и не можат да ја видат и на неа се работи долго време и од корените толку многу длабоки како езеро непресушно.

Треба ли да споменам дека работата на убавината е многу долг процес на бор бите кои завладуваат во луѓето?

Борбата меѓу горчините, бесот, љубомората и завидливост со борбата на смиреност, добрината, насмевките и многу љубов во срцето.

Па, ете јас вешт-ерка се уште постојам на мојот профил Господине Зеки, и ја споделувам твојата надворешна убавина со песната У РАЗДЕЉАК ТЕ ЉУБИМ.

Биди ми жив и здрав уште многу , многу години“, напишала Маријана и споделила фотографија од човекот кој ѝ го дал овој коментар.