Naslovna Zivot Анета „Молика“ отворено кажа што на неа е природно, а што не...

Анета „Молика“ отворено кажа што на неа е природно, а што не е- кажа што има корегирано

Во својата долгогодишна музичка кариера, фолк пејачката Анета Мицевска се покажа и докажа како еден од најдобрите вокали на македонската естрада.

Тоа и донесе многу настапи и набиена агенда како во земјата, така и во странство, а стана ексклузивец и на српската „Гранд“ продукција.

Секогаш средена, дотерана и стокмена е спремна да им пее на нашинците од целиот свет, па нејзините слики на Фејсбук се главно од настапите каде што го покажува својот изглед.

Анета во изјава за порталот „Убавина и здравје“ вели вели дека во музичката фела оние што вредно, квалитетно и посветено работат, имаат задоволителен фитбек со кој тие може да се пофалат.

-Патот кон успехот е трнлив, тоа го знаеме и го имаме почувствувано на сопствена кожа, но со труд, љубов, посветеност и работа сите препреки можат да се срушат, во тоа сме сигурни“, изјави Анета.

Анета и Молика минатата година беа турнеја низ Австралија. Сиднеј, Мелбурн и уште неколку места уживаа во настапот на нашата позната група и пејачка.

Татјана Лазаревска на социјалните мрежи тогаш објави повеќе фотографии од нејзината дружба токму со Анета Мицевска од Молика. Анета летна кај Татјана и кај Новица во Мелбурн, и се дружеа семејно.

Тие пред да се видат со Татјана беа во Мелбурн биле на посета на македонското КУД Јане Сандански и заедно со нив засвириле и го заиграле Пајдушко.

Продолжува на следната страна