Снеже Велков е позната водителка, хуманитарка, но позната е и како личност која го негува здравиот живот, со вежбање и со исхрана, а таа ја води емисијата „Нешто конкретно“.
Снеже секогаш има што да каже и има оригиални објави на Фејсбук и на Инстаграм,и добива доста зборови на поддршка.
Снеже даде интервју за Гоце.мк и таму зборуваше за својот начпин на исхрана и за својот животен пат.
“Мојата одлука да станам веган е исклучително од здравствени причини, односно после откривањето на алергиите и интолератноста на храна од животинско потекло.Тоа се случи во 2005 година, што значи дека веќе 16 години сум веган.
Но, не сум од оние кои го наметнуваат и фанатично го промовираат овој стил на живот и исхрана, сѐ што правам е да покажам дека иако си веган можеш да функционираш и да се храниш нормално.
Инаку да, преоѓањето на овој вид на исхрана кај мене секако имаше позитивен ефект на здравствен план бидејќи веднаш ми сe намалија отоците како и нагоните за повра ќање кои ги имав а беа предизвикани токму од алергиските реакции на млеко и месо.
Секако тоа влијаеше позитивно и на мојата психо-физичка состојба-добив повеќе енергија побрз чекор полесна мисла и подобро расположение. Промената беше тешка напорна, напати и болна и мачна.
Знаете пред 16 години воопшто немаше избор за никаква замена за ништо.Ниту за млеко ниту за сирење да не зборувам за некаква замена на месо од растително потекло.И тогаш бев сведена само на ориз компир овошје и зеленчук…
Тешко беше да се прифати дека нема да каснам кашкавалче или млеко или чоколадо… Но, прифаќањето на проблемот како предизвик со кој ќе морам да се борам цел живот ми отвори нови видици за поинаков и позабавен начин на исхрана.
Па така си смислував и откривав нови рецепти чудни комбинации и забавни јадења.Така компирот стана торта а леблебијата бајадера! Па добив карамела од урми и сладолед само од замрзната банана!
А плескавица од грав и кебапче од леќа-фантастично! Всушност пресуден беше моментот кога одлучив дека проблемот ми станува предизвик и тогаш се стана полесно!” вели Снеже.
– Дваесеттите си постојат за да бидат токму тоа дваесетти, тогаш можеш да лудуваш, да правиш грешки, да експериментираш, да носиш одлуки за кои и да сносиш последици нешто многу не си засегнат.
Слободен си да си тераш по свое а и да згрешиш имаш доволно време да ги поправиш нештата.
Во четириесетите пак си имаш одговорности, возраст кога не бива да се однесуваш детски, имаш знаење кое те ограничува да правиш глупости и доволно искуство да не мора да експериментираш.
Од друга страна веќе си изградил некоја слика за себе во околината и добро би било да се држиш до неа или да ја надоградуваш, не бива да се руши.
А ако зборуваме за енергијата ја имам за тоа што мене ми одговара, не си ја расфрлам на неважни работи како порано.
Чувам и живци и енергија само за работи кои навистина вредат. Можеби сè уште се двоумам во тоа што точно сакам ама знам точно што не сакам!“, рекла Снеже која има 41 година во Женски магазин.
Снеже Велков на Инстаграм сподели едне свој необичен рецепт кој го направила за својот сопруг, и ја прикажзува како многу оригинална домаќинка и оди вака:
– Да ти напраам грав. Посен. Ќе ти го напраам у тавче.Нешто како тавче гравче ама поубо. И по благо. Нема шекер да му ставам.Ни брашно. И нема да го познаеш ни тавчето ни гравчето.
Жими тебе. Ќе го крстиме колаче тавче гравче. Пази рецепт: Една конзерва црвен грав.Исцедете и измијте го убаво со вода. Ставете во блендер па додадете:
– 2 големи лажици какао, 2 големи лажици путер од јатки, 6 големи свежи урми. Арома ванила за шмек
– Се убаво изблендирајте да добиете тесто.Ако треба многу малку додадте видичка. И после распоредете во тавчето и ставете да се стегне во фрижидер.
Ова гравче исто се срка со лажица ама од помалите. Наздравје“, напишала Снеже за овој интересен рецепт.