Naslovna Zivot Оваа убавица му го освои срцето на некогашниот најпосакуван ерген од фолк...

Оваа убавица му го освои срцето на некогашниот најпосакуван ерген од фолк естрадата- еве што зборуваше за женачката пред да ја запознае неа

Групата Маестро е една од групите која е најчесто ангажирана на свадбите и на домашните прослави. Во периодот на пандемијата, нивните настапи беа сведени на минимум.

За овој тежок период на музичарите, во емисијата „Магазин“ во тоа време зборуваа Илија Филиповски и Војче Петрушев, кои се членови на групата и многу блиски пријатели.

На почетокот се пошегуваа дека многумина ги мешаат и мислат дека се браќа.

Среќа за нив е што и двајцата се дел од ансамблот „Танец“, кој на почетокот од пандемијата немал ниаккви активности, но сега како што рекоа членовите на „Маестро“, иамаат редовни проби според протоколите.

Тие се многу благодарни на маестро Милан Завков, познатиот хармоникаш, чија загуба не можат да ја прежалат што е објавено на нивниот Фејсбук профил.

„Од нашата сцена нема некој со којшто немаме свирено“, изјавија ченовите на групата.

–Сме имале настапи порано скоро секој ден, и по шест пати во неделата, фамилијата буквално не можевме да ја видиме.

Јас го фатив последниот воз, се оженив пред ко-роната, и тотално се посветив дома на фамилијата, и покрај тоа сме одморени за да можеме да твориме и да создаваме нешто ново“, рече Војче.

-Сега сме постојано заедно и си реков, кога овој период го истуркавме, после кога пак ќе ни почнат свирките, ќе биде полесно“, искоментира музичарот за својата сопруга во време на пандемијата. Потоа најави дека наскоро ќе стане татко, а Илија му е кум.

Илија пак рече дека не е женет, и дека ќе чека подобри времиња за свадба. Но, ете, еден месец откако тоа го изјави, тој објави дека ќе застане на лудиот камен.

Летото во 2021 година, на Фејсбук многу пријатели му честитаа на познатиот музичар. Тој објави фотографија од него и од неговата сакана и само кратко напиша:

Таа рече ДА, те сакам Анастасија, и го покажа свршеничкиот прстен кој ѝ го избрал на својата сакана Анастасија. Потоа, иа=маа ептен весела свадба, а сега имаат синче.

Анастасија е многу убава девојка, и на сите слики кои се објавени кај неа на Фејсбук, се гледа дека се ептен вљубени со сопругот.