Иако тој е најпознат по песната „Чудна жена беше Вера“, Круме Спасовски во една прилика раскажа дека по заминувањето на Никола Бадев, комисија од Македонската телевизија му дозволила да ги препее народните песни кои ги пеел Бадев, за да не се заборават.
Спасовски рече дека тие песни ги пеел од душа и од срце. Бадев му бил идол, но го почитувал и Александар Сариевски, Кирил Манчевски, а со Васка Илиева имал многу концерти и турнеи и во Македонија и во странство.
Потоа, за песната „Чудна жена беше Вера“, пејачот рече дека е обнародена. „Препеана е од повеќе соседи, во Босна, во Србија, во Бугарија.
Од македонскиве пејачи барем 5-6 ја имаат препеано, и добро е тоа, нека живее песната. Нешто кога не се заборава, значи тоа вреди“, раскажа Круме Спасовски.
-Идејата беше моја за епсната. „Чудна жена беше Вера“ ми е најголем хит, но имам испеано за Јана, за Цвета, за Милица, „Милке душо“, за многу жени имаам пеено“, рече Круме во истата емисија и додаде дејка во денешно време турбо фолкот ги има многу измешано работите во музиката.
Инаку за пистата песна, тој има зборувано и во емисијата „Магазин“ на Сител, кога беше гостин птред неколку месеци, и откри дека всушност е снимена во соседна Србија.
Тој раскажа дека песната која сите ја сакаат, „Чудна жена беше Вера“ беше снимена во 1974 година, за Радио телевизија Белград.
Круме рече дека продуцент на песната бил Сариевски, а тогаш се снимале плочи, „Чудна жена беше Вера“ била од Б страна, од А страна била „Тешко ти е сам сине мој.
Всушност, за таа песна која според Крууме е прекрасна, тој се надевал дека всушнст ќе биде и хит, но народот одлучил хитот да биде Вера.
Потоа Круме раскажа за внуците кои од Скопје му доаѓаат на гости во Коњаре, а најмногу за нов се грижи сопругата.
Тој откри дека тој е малку време со вуците, и се однесува со нив како другар, а за нив најмногу се грижи неговата сопруга Зага и таа го известува кога кое внуче че им дојде на гости во Коњаре.
Потоа, рече и дека имам голем голем двор и има простор и за бавча: „Чувам прасиња, кокошки, мисирки, се имам во дворот“, откри Круме. Тој иако е пензионер и живее повлечен живот, не ја остави песната.
Еден од најпознатите наши фолк пејачи, раскажа дека е роден во село Горно Коњари. Скопско. „Долго време имав можност да се движам, односно да расна со луѓе кои во тоа време ја почитуваа таа изборна музика“, рече Круме во емисијата Фолк ексклузив.
-Се почитуваше таа изворна, народна песна, лирска, чалгаџиска песна, песна која што врзуваше седнки, песна којашто се пеење на есенските берби на грозје. Вински песни, песни за берба на пченки, песни за жнеење, жетварски песни..
Јас и сега живеам во Горно Коњари, но 40-тина години живеев тука, во Скопје, каде што работев, сега сум веќе во пензија.
Сакам да ви кажам дека, не дозволив да се одделам од тој амбиент која ја врзува таа народна песна“, рече Круме.
А Кате од групата Соната, објавила слика од својот колега Круме, како заедно се дружат на Гоце Фест, и на оваа убава слика се гледа дека Круме се држи одлично и не им се дава на годините- секоја чест.