Naslovna Zivot Елена Велевска во досега невидено издание, волку полни усни никогаш немала (ФОТО)

Елена Велевска во досега невидено издание, волку полни усни никогаш немала (ФОТО)

– Како дете чекав што побрзо да пораснам.Прв ми подаде рака Игор (музичар од мојот роден град Прилеп)со него ја снимив песната “Сонувам”“, рече во едно интервју за estradaworld.blogspot.com нашата позната пејачка Елена Велевска.

После тоа мојата прва касета ја снимав со Дејан Момироски музички продуцент и соработник со кој работам 20 години. Последниве години имам свој ПР тим кој многу ми помага.

Најголемата подршка во тоа време кога почнував, а имав 15 години беше и остана моето семејство.Додека моите другарки изглегуваа и бркаа симпатии…

Јас без да знаат моите родители одев во ресторани кои работат со музика во живо и сакав да гледам како се работи,кои песни се пеат,запишував и ги учев песните кои беа актуелни.

Така музичарите го забележаа мојот интерес кон музиката и имав простор да испеам некоја песна.Упорноста и истрајноста ме донесоа овде каде што сум.

Многумина знаат да кажат дека јас сум таа која направила револ уција во фолк музиката кај нас..

Јас сум прва која се потруди да реализира видео спот со приватна продукција кој во тоа време1997,чинеше 1500 марки,без ничија помош го реализирав и продолжив да снимам високо буџетни спотови до ден денес и така ќе биде и понатаму.

Со моето појавување како да ги потикнав моите колешки поинаку да размислуваат,да вложуваат во себе.

Со моето појавување ги поставив темелите на свежата крв на фолк музиката во Македонија“, рејкла Велевска а потоа нашата позната фолк пејачка додала:

– Јас не сум конфликтна личност, ни во приватниот, ни во професионалниот живот.Го почитувам секој оној кој се труди да направи нешто.

Живееме во време каде што е многу тешко да издадеш песна,видеоспот,јас немам никаков проблем она кое е добро да го споделам на социјалните мрежи, со мојата публика, што не можам да кажам дека е така и кога моите колеги се во прашање.

Фокусирана сум на мојата кариера и на семејството, немам време за да бидам дел од нешто кое не сакам, каде што не ми е местото.

– Мојата цел е преку песна да се зближиме,музиката нема граници,да си помогнеме со што ќе се прошири соработката на музичкиот пазар.

Ние како Балканци можеме многу,а со песна е многу полесно.Колку по пријателски однос со колегите толку успехот за сите е неминовен“, рекла Елена која е мајка на три деца.

Елена на Инста стори објави слика од нејзините полни усни. Пејачката е позната дека внимава на свокот имиџ и секогаш изгледа одлично, но досега во вакво издание не сме ја виделе.