Naslovna Zivot Живееме скромно, не можам со моите примања да допринеcувам дома- Еве што...

Живееме скромно, не можам со моите примања да допринеcувам дома- Еве што кажа Димче Мешковски кој се упокои сношти за својот живот во Америка

Сношти на На 77-годишна возраст се упкоил доајенот на македонското актерство, популарниот актер Димче Мешковски- Мешко. Тој својот животн пат го завршил на флорида, каде што долгио години живееше.

-Човекот кој зад себе остави ризница од одлично одиграни улоги во ,,Солунски патрдии”, ,,Хихириху”, ,,Женски оркестар”, ,,Викенд на мр товци” и многу други театарски и филмски улоги, по многуте здравствени проблеми со кои се соочуваше изминативе години, замина во вечноста.

Генерациите го памтат и по неговата синхронизација на ,,Попај”, но и на многу други цртани филмови“, објави Фокус.

За Слободен печат, водителката Сања Савеска која му била блиска пријателка рекла дека се упокоил мирно, на својата фотелја а бил во друштво на својката сопруга.

А негов пријател, Матин дувњак раскажа една емотивна приказна за Мешковки, од времето кога тој бил дете, а приказната оди вака:

– Читам со жалење дека не напуштил денес актерот Димче Мешковски. Некако изминативе години се не напуштаат добри и квалитетни луѓе, што ми е особено жал…

Веднаш како ја прочитав тажната вест, ми се појавува слика пред очи од еден преубав спомен. Како деца со брат ми, нашите родители неколку лета по ред не носеа на летен одмор во Трпејца, Охрид, кај луѓе, што потоа и ден денес ни прераснаа во многу драги и искрени пријатели.

Место како место од прва го засакавме и ни стана едно од омилените местенца во државата, а луѓето секако прекрасни затоа и ден денес ни се пријатели.

Се сеќавам на еден летен одмор, куќата полни со „стални гости“, кои веќе се одомаќинети исто како ние во куќата на Митре и Славица, актеришта и људини кој од кој…

Димче Мешковски, Гоце Тодоровски и Ванчо Петрушевски. Секој ден тие 10тина дена дружиме со нив и покрај нив, а особено интересни беа да ги слушаш за време на ручек кога маса до маса со нив буквално солзи ни течеа фамилијарно уживајќи ги и слушајќи ги нивните анегдоти, смешки, зезанции…

Не можеш да јадеш, од смеење, затоа што такви богати луѓе со такво искуство…нема крај на смеењето. Се помалку такви луѓе денес, за жал…“, стои во статусот на Дувњак.

– Во моментов живеам во Лос Анџелес, во квартот Санта Моника, а инаку живеам и тука, во Скопје, на Партизанска. Сега веќе не сме со ќерка ми, сопругата и јас добивме свој стан, меѓутоа до нас е близу училиштето на нашата внука Леона.

Ние ја зeмаме од училиште и поминуваме време заедно додека родителите и се на работа. Прекрасно е, морам да кажам, Санта Моника е еден од најубавите делови на Лос Анџелес.

Тука ни е близу океанот, палмите, и се што е најубаво“, раскажал во едно интервју за Женски магазин Димче Мешковски, а потоа кажал како живее во Америка.

-Во Лос Анџелес многу добро ме лечат, медицината таму е највиско ниво. Стручни кадри, стручна екипа, медицинска техника до совршенство.

А јас, бидејќи имам повеќе од 65 години, имам право на бесплатно лекување. Мислам дека ќе ни треба три интервјуа за да ви раскажам за моите болести“, кажал Мешковски.

– Среќен сум што сум сега овде. Мене ми беше малку чудно. Вистина мислев дека луѓето ме подзаборавиле. Четири-пет години не сум бил дома, и пред тоа подолго време не снимав, не работев, две три години пред да заминам тие болести ме зафатија.

Меѓутоа уште кога менувавме авион, од Виена за Скопје, ме препознаа луѓе. Ми пријдоа: „О, господине Мешковски, како сте?“ Тогаш и реков на сопругата:

„Добро бе жено, не ме заборавиле луѓето“. Ми беше многу пријатно тоа чуство. Се видов со многу пријатели, роднини, не можам да здивнам откако сум овде.

Толку сум исполнет цело време со некакви активности. Изгледав неколку претстави тука, многу сум задоволен и ги полнам батериите. Ми приоѓаат луѓе и тука.

Можеби некои мислат дека засекогаш отидов, дека ме снема, ама ете , се вратив, добар сум, се чуствувам добро. Скопје како да ме излечи“, рекол Мешковски во 2018 година.

-Животот е убав и скап. Особено за нас, затоа што ние заминавме како пензионери, плус со сите мои здравствени проблеми. Веќе не можам да работам за да допиринесувам дома.

Егзистираме скромно, но врзани сме за ќерката и за внуката, затоа сме и таму. Една од причините што заминавме е американската медицина.“, кажал тој. Нека му е вечна слава.