Пред две години, пејачот Огнен Здравковски му ја посвети песна на упокоениот вујко, познатиот музичар Зоран Џорлев, за која рече дека му оставил аманет што поскоро да ја промовира.
Огнен за Женски магазин раскажа како тој и целото семејство се учат да живеат со бол ката, по големата загуба.
Пејачот со многу љубов и емоции ја препеа песната „Душо моја“ од сараевскиот кантавтор Кемал Монтено.
Интересно е што Огнен, кој е релативно млад, за оваа песна слушнал неодамна, а интересна приказна има моментот кога ја засакал и зошто токму неа ја снимил.
За тоа е заслужна и неговата мајка, пејачката Софче Џорлева, но за жал нејзиниот брат иако слушнал почетна демо снимика од оваа песна, не дочекал да ја слушне комплетно.
– Песнава за првпат ја слушнав додека се натпреварував на „Ѕвездите на Гранд“. Дознав од мајка ми, таа ми ја кажа. Снимив аудио за песната, и му го пратив во истиот момент на вујко ми за да слушне и да ми даде совет и критика.
Откако му ја пратив на вибер, ја ислуша, веднаш ми се јави и ми кажа дека беше наежен од глава до петици.
Ми рече дека се чувствува исто како да го слушал Кемал да ја пее и дека сум го вратил 20 години назад во времето, и негова желба беше веднаш да ја промовирам“, раскажал Огнен.
За жал, Џорлев не дочека да го види својот внук како ја пее неговата омилена песна од Монтено. Тој се упокои на 1 јануари во 2021 година, на Инфект ивната клиника вo Скопје.
Инаку, поранешниот финалист на „Ѕвезда Гранда“, Македонецот Огнен Здравковски, кој за време на натпреварот беше во тимот на Марија Шерифовиќ и го освои високото шесто место, по завршувањето на музичкото шоу продолжи да гради успешна музичка кариера.
Неговите обработки на песни на постари колеги беа многу популарни кај публиката, а ова за нашиот пејач го објави grand.nova.rs
Огнен неодамна беше гостин во ревијалниот дел на емисијата „Никад није касно“ каде заедно со ветеранот Борис Крагуљец ја изведоа песната „У љубов вјере немам“ која публиката ја дочека со воодушевување и ентузијазам, како и Жика Јакшиќ која е автор на емисијата.
За време на гостувањето, младиот пејач откри дека е слободен, дека напорно работи на нови песни и дека се сели во Белград, сепак Жика имаше една мала замерка и совет за Огнен.
-Слушај Огнен, одлично пееш, сите го знаат тоа, ти си згоден тип и сите го знаат тоа. Феноменално е, но мора да се поггрижиш за тој стомак – рекол водителот, а со него се сложил и пејачот.
Дека сериозно ги сфатил советите на Жика доказ е последното видео кое го објави на својот Инстаграм профил, а од кое можеме да заклучиме дека младиот пејач решил линијата да ја доведе до совршенство пред летото и дека напорно работи на тоа.
Да потсетиме, Огнене неодамна во програма во живо и упати комплименти на колешката Александра Младеновиќ, велејќи дека му се допаѓа и дека едвај чека да се сретнат официјално.