Денеска Македонија остана без омиленјот Димче Мешковски, познатиот актер кој својот животен пат го заврши во Америка, каде што живееше последниве години.
Тој е роден на 31 октомври 1945 во Скопје и беше еден од најдобрите македонски театарски, филмски и телевизиски актери и хумористи.
Матична сцена на Мешковски била Драмски театар – Скопје. Остварил улоги во многу театарски претстави („Диво месо“, „Солунски патрдии“, „Хамлет од Долно Гаштани“), телевизиски серии („Македонски народни приказни“).
Потоа, учествувал вом радио-драми и хумористични серии („Хихирику“) и играни филмови („Викенд на мр-то-вци“). Својот глас го позајмувал и при натсинхронизацијата на цртани филмови (Гаргамел во „Штрумпфови“).
Исто така, познат е и по улогата на Дедо Мраз во новогодишните претстави за деца. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело.
Димче, како што е познато има две ќерки. Едната е Наташа Мешковска, нашата позната пливачка, а другата е Јасна, која живее во Америка.
Јасна и нејзината ќерка како што кажа Димче Мешковски во едно интервју е една од прилини пораи која тој се има преселено во Америка.
– Многу работи ми фалат од Скопје. Прво, ваквото дружење, ваквата комуникација со луѓе ги немам таму. Потоа ми фали театарот, театрите таму се полуаматерски, не се доходовни.
Во Америка водечка индустрија е филмот, првата уметност. Бев во Лос Анџелес да го гледам „Ослободување на Скопје“. Бев изненаден, само ние и уште една фамилија од Македонија беа на приемерата.
Имаше Срби, Хрвати, Американци во публика, а наши, Македонци најмалку. Ми беше криво што е тоа така. Главно збиралиште на нашите таму е една црква во Лос Анџелес, и тоа е се.
Изгледав неколку добри мјузикли но вакви, класични претстави имаше две-три, но беа многу сиромашни“, има изјавено за Женски магазин Мешковски, а потоа продолжил:
– Во моментов живеам во Лос Анџелес, во квартот Санта Моника, а инаку живеам и тука, во Скопје, на Партизанска. Сега веќе не сме со ќерка ми, сопругата и јас добивме свој стан, меѓутоа до нас е близу училиштето на нашата внука Леона.
Ние ја зeмаме од училиште и поминуваме време заедно додека родителите и се на работа. Прекрасно е, морам да кажам, Санта Моника е еден од најубавите делови на Лос Анџелес. Тука ни е близу океанот, палмите, и се што е најубаво“.
Димче потоа раскажал за своуте две ќерки, Наташа и Јасна:
Јасна тргна по моите стапки, таа заврши глума на Универзитетот во Лос Анџелес. Но, знаете, во САД има милион невработени актери, меѓу нив е и ќерка ми.
Сега работи како менаџер во еден познат ресторан кој што е дел од една цела корпорација. Добро работи, но не беше тоа нејзина желба. Судбина ми е постојано да сум во женско друштво.
Наташа, Јасна, сопругата Марица и внуката Леона, тоа се моите четири грации“, изјабил Мешковски за семејстото, а со ќерката Јасна која го поврзуваше истата професија, глумата.