Naslovna Magazin Ана Бекута скршена поради ова што ѝ се случи – никој не...

Ана Бекута скршена поради ова што ѝ се случи – никој не знаеше, а сега пејачката откри за својата загуба

Ана Бекута е една од најпознатите фолкерки на Балканот, која во изминатите години е дел и од најгледаното Гранд шоу.

Милица и Бранко Полиќ, родителите на Ана Бекута, отсекогаш и биле најголеми поддржувачи на пејачката, како во воспитувањето на нејзиниот син Игор, така и во нејзината работа, иако нејзината мајка првично не се согласувала со идејата Ана да стане пејачка.

Бекута еднаш сподели објава на Инстаграм во која изјави дека нејзината мајка и забранила да пее, додека татко и не се противел, а потоа открила како нејзината мајка реагирала на тоа.

„Некој ѝ го прочита на мајка ми и таа веднаш ми се јави.

Ми рече дека не е баш дека ме брани, но во времето кога тргнав по тој пат, во раните осумдесетти, беше чудно да се биде пејач. во најмала рака.

Имаше за мене други планови, а јас целосно ја разбирам. Денес е горда на се што сум постигнала и често ме замолува да и испеам песна“, изјави своевремено Ана Бекута за „Ало“.

Милица Полиќ, мајката на Ана Бекута, се упокоилс пред 40 дена, а пејачката пред неколку денови, реши тажната вест да ја сподели со својата публика.

Таа со емотивни зборови се прости од саканата мајка, а изразите на сочувство не престануваат да доаѓаат.

„Поминаа 40 дена откако мојата добра мајка Милица отиде во Царството Небесно, а јас засекогаш престанав да бидам нечие дете.

Кога ќе се упокои мајка, ум ира цел свет, последната грижа зошто доцниш на пат и секое молчење сомнеж дека нешто не е во ред затоа што и се чинеше дека твојот глас на телефон е различен.

Со заминувањето на секоја мајка, заминува и една уметност на готвење, еден начин на поставување трпеза, една историја, едно семејство и еден начин на љубов и еден универзален, но сепак единствена, грижа за дете кое одамна е нечија мајка.

Почивај во вечноста на твојата љубов, драга моја“, напиша пејачката на социјалната мрежа Инстаграм.

Претходно, во ноември 2021 година, Ана Бекута го загуби својот емотивен партнер Милутин Мркоњиќ, а упокојувањето на нејзината мајка сега остави уште една голема празнина во нејзиното срце.

„Помина една година од мојот личен крај на светот.

Се уште не сум се помирила со фактот дека чекорот во ходникот не е твој, и дека повикот на телефон не е твој и дека копнежливиот поглед од првиот ред во публиката не е твое“, напиша пејачката лани во ноември, на годишнината од упокојувањето на Милутин.

Сега, таа со своите фанови и пријатели, сподели за најноватаб загуба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Bekuta (@anabekuta1)