Naslovna Zivot Ранко „Буба Мара“ објави видео, што се случувало синоќа во 3 по...

Ранко „Буба Мара“ објави видео, што се случувало синоќа во 3 по полноќ, по завршувањето на шоуто

Од навидум обична манифестација на радиото „Буба Мара“, со текот на годините, манифестацијата „Златна Буба Мара“ на популарноста, прерасна во своевиден бренд, настан кој со нетрпение се очекува.

Оваа година, на изненадување на публиката, го немаше заштитното лице на шоуто, еден од најпопуларните наши актери, Сашко Коцев.

Но тука беше Игор Џамбазов. Тој се појавил на Златна Бубамара на популарноста, која се одржа по 26 пат и каков што го знаеме се шегувал на свој начин.

Џамбазов пеел песна за Горан Пандев кој земал награда, и во песната, на интересен начин го опишал патот и успехот на нашиот Гранде Гоче Пандев.

Исто така, тој оддал почит на оние кои се упкоени, а останаа во легендите: Милан Завков, Катерина Крстева- Мара Попара и Марин Бабиќ.

А дал награда и на докторите кои минатата година за прв пат извршија тран спла тација на црн др об во Македонија. Тој им рекол на докторите:

„Јас црн др-об немам од 1993 година“, на што публиката во салата се насмеала.

Горан Пандев на Златна Бубамара на популарноста бил еден од оние кои зеле награда, и тоа награда за трајна вредност.

Пред да се појави Гранде Пандев на сцената, Игор Џамбазов му пеел песна која е смислена специјално за него.

Публиката ептен се израдувала кога го видела Пандев, и целата сала- Борис Трајковски била станата на нозе, од почит кон познатиот спортист.

Пандев кога ја примил наградата емотивно се обратил и кажал: После толку години и јас успеав да дојдам на една ваква голема манифестација.

Адреналинот ми се врати после осум месеци пензија. Пред толку публика стварно е прекрасно а по овие негови зборови публиката „збеснала“ уште повеќе, рекол Горан Пандев.

Инаку идејниот творец на ова шоу и негов долгогодишен организатор, Ранко Петровиќ, денес на својот профил на социјалните мрежи, објави што се случувало по завршувањето на шоуто.

Присутните на коктелот, по настанот, во еден глас ја испеале познатата народна песна „Лихнида кајче веслаше“, а Ранко сподели со сите.

„Вчера беше преубаво. Така е секогаш за време на подготовките, пробите, за време на настанот и се разбира на коктелот после Бубамара. Вака си пеевме во 3 саат по полноќ, напиша Рљнко на Фејсбук.