Naslovna Zivot Наум насмеан и расположен во друштво на неговата колешка во црвено- направија...

Наум насмеан и расположен во друштво на неговата колешка во црвено- направија нешто специјално заедно, од ова солзи течат

Наум Петрески и неговата музика се симбол на Македонија, нешто што треба да се чува и негува, да се изучува во музичките училишта.

Пејач кој никого не остава рамнодушен, музика за сите генерации. Три часа концерт за неспиење, концерт за емоции, концерт за прегратки, многу солзи радосници многу љубов, единство, историја и иднина, концерт за срце и душа“, објави минатата година ohridnews.com откако Наум одржал концерт во Охрид.

Исто како и Клубот за подводни дејности кој 37 години тивко, скромно и достоинствено без помпа, без реклами, со чист образ го чува и негува Охрид и Охридското Езеро.

Така овој човек со чист образ, без маркетинг, турбо фолк, 35 години го чува и негува македонскиот мелос. Има ли песна, За марија, Отвори ми мила пенџери, Милице… одекнуваа низ Охрид, оддекнуваа низ езерото.

Не расплакаа, но и ни ја вратија вербата во нас, во нашето единство, во нашето постоење, не вратија во Македонија“, стои во овој текст.

На прашањето дали се доживува како ѕвезда – одмавна со рака и рече дека во Македонија не може да се биде ѕвезда, особено не сега кога фолкот е на маргините“, објави Публицитет.мк

Над 300 песни има на својот репертоар и снима активно . Сепак, фестивалите како што рече, веќе ги остава за помладите.

-Ги зедов сите награди по фестивалите што требаше да се земат, време да им отстапиме простор на помладите, јас на фестивал би можел да сум во жири или пак да имам мини концерт додека се чекаат наградите, вели Наум.

Тој по Манчески, Сариески и Бадев и нај златното македонско грло. Од 1990 и неговата и на Љупчо Трајковски – Фис „Има ли песна“кариерата му фаќа нагорна линија. „ Има ли песна “ за него е песна над песните.

-И покрај музичката фолк криза Наум кажува дека во Македонија има млади фолк сили кои чекаат шанса, иако таа трае предолго и вината некои се обидуваат да не биде лоцирана и покажана со прст.

Снимаме а песните нема каде да се вртат. Во тоа море од тонови околу Македонија нашата фолк музика стагнира, признава Наум.

Според него нема здрава музичка критика,а ретки се и новинарите кои си ја знаат својата работа а најстрашно е што медиумите кои емитуваат фолк музика можеби можат да се избројат на прсти.

Изјавил дека нема да заборави никого и никогаш – Не заборавам добрина никому, а лошото брзо ми поминува не го ни памтам.

-Не случајно е речено, животот ги пишува романите. Најголем дел околу седумдесет проценти од моите песни се инспирирани од мојот живот“, изјавил Наум.

Тука зборувавме за најголемите радости и таги како и за неговиот приватен живот. Наум има четири деца. Две веќе возрасни ќерки од првиот брак и ќерка и син од вториот брак со неговата колешка Зуица Лазова.

Наум Петерски е расположен и среќен, во друштво на оваа негова колешка, која е опблечена во црвено и изгледа прекрасно, а тоа а Андријана Јаневска која објавила слика со Наум.

Според она што многу медиуми го пишуваат, Андријана и Наум на „Златна Бубамара на популарноста“ направиле нешто многу уникатно.

Тие ја испеале песната „Заветна“ од Пепи Бафтировски во дует, а тоа е песна која нема кој Македонец не ја сака и не ја доживува емотивно, од неа и солзи можат да потечат.