Публикацијата „Благој Механџиски”, е едно од значајните и исцрпни монографии на авторот на овие продолженија Славе Катин, објави во една прилика mn.mk
Ова моногравско дело е посветенo на познатиот бизнисмен, господинот Благој Механџиски – ЗЕГИН. Затоа, при оваа прилика се претставува интервјуто со овој бизнисмен, за кое што е посветено посебно внимание и место во монографијата.
Во исто време монографското дело „Благој механџиски“ е и скромен пример за афирмација на аптекарството во Македонија, на Балканот и пошироко, афирмација на минатото, сегашноста и иднината на компанијата ЗЕГИН, како и на родното Русиново, убавиот Малеш и на Македонија.
Монографијата чиј автор е Славе Катин е подготвена на македонски и на англиски јазик на 480 страници со голем број текстови и фотографии.
Рецензенти на ова дело се поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан и д-р Лазо Лазарев. Делото е посветено на Благој Механџиски, кој постојано се залага за афирмација на аптекарството во Македонија, на Балканот и пошироко.
Таквата угледна легенда во аптекарската фела, вљубеник во народот, во својата татковина, секогаш го водела светата мисла да го претстави бизнисот и да остави вечни траги за идните генерации.
Во исто време треба да се потенцира дека оваа Монографија е подготвена подолго време и чека да биде отпечатена и да го види македонското Сонце, стпи во текстот на Мн.мк
Во неа се вели дека Благој постојано се залага за афирмација на аптекарството во Република Македонија, на Балканот и пошироко.
– Уште од почетокот па до денес, главно, парично средство и сите обврски коишто ги плаќаме спрема надвор, се од македонско потекло.
Тоа значи дека ние ги продаваме лековите на македонски фирми коишто се присутни во производството на лекови, помошни лекарства, ортопедски помагала итн.
Тврдам дека тие се исти по асортиман, по генетски состав и се добри и поквалитетни, затоа постојано велам дека македонските производи се дури и поквалитетни од многу странски производи.
Меѓутоа, и лековите од многу светски производители се добри, затоа воопшто не одбиваме соработка. Ако лекот од таа и таа фабрика е баран, ние го обезбедуваме, бидејќи не можеме да ги убедиме дека истиот лек од нашата куќа е ист, дури и поквалитетен.
Инаку, „ЗЕГИН“ ги има речиси сите лекови коишто ги употребува нашата медицинска служба.
Сите тие лекови ги увезуваме и затоа многу луѓе велат дека ако го нема во „ЗЕГИН“, тогаш лекот го нема никаде.
Ние настојуваме да ги имаме сите лекови, бидејќи мораме да ја оправдаме и постојано да ја одржуваме на високо ниво нашата стекната доверба кај потрошувачите.
Покрај македонските потрошувачи, кај нас доаѓаат и потрошувачи од Белград, од Каменица, од јужните делови на Србија и од Косово. Понекогаш во неделите имаме по десетици повици за испраќање лекови“ , рекол Механџиски во ова интервју.
Жители на Берово се зачудени од констатацијата дека согласно одредени мерења воздухот во градот е загаден“, обајви во јануари годинава Слободен печат.
Сопственикот на компанијата „Зегин”, Благој Механџиски, кој присуствуваше на Божиќната литија организирана во пресрет на Бадник, рече дека треба да се стави крај на нереалните тврдења за загадениот воздух во Берово, бидејќи Малешевијата, според него, е еден од најчистите краеви во државата.
-Треба да се стави крај на шпекулациите кои неодамна преку одредени мерења го окарактеризираа Берово како град кој е еден од најзагадените во земјава.
Пораката што ќе ја дадам е до докторката од Јавно здравје која направи голема штета на Малешевскиот крај, која го даде своето мислење, не знам од кој е нарачано да каже нешто што не е вистина и што е надвор од реалноста.
Од ова место каде гледате има еден вид мирен простест на младите, ќе кажеме дека овој крај, е крај кој е најчист во Македонија и е крај каде има најмногу озон и кислород„, рекол тој.
Механџиски е сега повлечен од јавноста, тој долго време не дава интервјуа и не се појавува на настани.
Но на една слика која е наравена на Златна Бубамара на популарноста се покажува дека тој изгледа одлично и одлично се држи и има интересен имиџ и стил- шапка на главата и капут.