Naslovna Zivot Биба Додева се огласи од Хрватска и кажа што обожава да прави...

Биба Додева се огласи од Хрватска и кажа што обожава да прави таму со својот маж Срѓан

Една од напшите најпознати и најдобри пејачки е Биба Додева која е позната по својот одличен глас и секако интерпретација.

Додева, која е исто така претседател на здружениео Борка, во едно интервју за Иди види, рече што би била ако не е пејачка:

Без оглед на тоа што не сум нападна на сцената, цело време ме има и никогаш целосно не сум се повлекла. Од мојот прв настап во 1993, не сум престанала да настапувам. Пеам за луѓето.

Не е битно дали е на свирка, концерт, фестивал…Ако немам фитбек од мојата публика и ако нема енергија, тогаш и не би постоела Биба Додева толку години. ќе се занимавав со возење Ф1, хаха.

Во април минатата година, Биба Додева рипна во тавче, тоест се омажи за својот сакан.

На Фејсбук профилот на нејзина пријателка се појави слика од Биба со својот младоженец, чие име не е спомнато во оваа објава.

– Бибо моја, вечна љубов ви сакам. Да се чувате и да си бидете столб еден на друг. Душава полна“, стои во постот што го шернала Ана Бунтеска а на сликата е Биба која се омажила еден ден по нејзиниот роденден.

На социјалните мрежи, нејзините пријатели објавија фотографии од Биба и од Срѓан, посакувајќи им вечна љубов. Откако заврши венчавката и забавата, Биба за „Женски магазин“ накусо ја раскажа нивната љубовна приказна и рече дека не верувала оти и за неа има среќа.

– Ова е доказ дека љубовта постои и си го наоѓа патот, кога ѝ е време“, изјави Додева. Таа низ насмевка вели дека овој брак за неа е трета среќа.

– Ние сме си љубов од 2011 година. Не ни беше судено тогаш. Пак се пронајдовме, и љубовта продолжи како никогаш да немала прекин. Едноставно не ми се верува дека има среќичка и за мене на тоа поле.

Пресреќни сме. Ова е само уште еден убав доказ дека сепак од она што ти е судено не се бега, па кога е вистинско време, тогаш и ќе ти дојде во животот“, изјави Биба.

– Срѓан не е човек кој сака да се експонира. Битно е дека ме сака „најпуно“. Човекот кој е вљубен во Биба. И обратно“, раскажа таа.

Биба два дена пред да се омажи го прослави својот 47. роденден, а венчавката симболично се одржа еден ден по него. „Љубов над сѐ! Драги мои пријатели, ви ја споделувам нашата среќа со вас!

Ви благодарам од срце за убавите честитки и желби, како за роденденот, така и за нашата венчавката. Пресреќни сме, да ни трае!“, напиша Биба на Фејсбук со весела фотографија од нивниот најсреќен ден.

Сопругот на Биба инаку е од Загреб, и таа минатата година беше означена на некои видеа и слики од настан во Загреб, па најверојатно пејачката се има таму преселено кај сопругот, а и одамна ја нема во медиумите во Македонија.

Биба според она што беше објавено на социјалните мрежи е сега во Загреб, а како што некои медиуи претходно напишаа- од таму е нејзиниот сопруг кој се вика Срѓан. Биба настапила во клуб во Зaгреб кој се вика МКД Илинден.

Пеела како поддршка за стоп над наси лството врз жените и тоа една баш македонска песна, а тоа е Калеш бре Анѓо.

„Билјана Биба Додева во МКД Илинден во составот на „Стоп за наси лство врз жените“ и преубавата интерпретација на „Калеш бре Анѓо“ и нашиот фантастичен Елвис Девчиќ.

Ова на Фејсбук е објевено од Гордна Квајо, која шернала и видео од Биба како ја пее оваа македонска песна, а изведбата била ежење!

Сега, Биба се оглчаси на свокот Фејсбук профил и објави како изгледа сега, тоест ја има сменето својата профилна фотографија и до неа напиша:

– Маж ми ми кажа да си сменам профилна…. па еве“, напишала Биба до сликата, а некој од пријателите и има коментирано:

Ти па демек го слушаш маж ти. Биба пак, на ова кажала: Обожавам да го слушам!